Помеѓу двете светски војни, училиштето било основно училиште од прво до четврто одделение. Пред почетокот на Априлската војна во 1941, училиштето било опожарено и речиси целосно уништено, кога само останале темелите и некои ѕидови. Веднаш со доаѓањето на бугарската власт, биле направени градежни зафати и новата верзија на градбата била малку поразлична на лик од старата градба. Дури и уписите за ученици започнале во септември истата година.[4]
Во периодот 1946-1949 година, местото било дом на Учителската школа. Подоцна била сместена Штипската гимназија. Во последните години како училишна установа, местото била училишна зграда во составот на ОУ „Ванчо Прке“.[4]