Лазаров е роден 1869 година во градот Штип, тогаш во Отоманското Царство. Потекнувал од видното семејство Хаџидимитриеви. Завршил VI клас во Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ и станал прогимназиски учител во Штип. По една година го напуштил училиштето и започнал да се занимава со трговија. Лазаров зборува, француски, отомански турски и фарси.
Штипското раководно тело: Тодор Лазаров, Иван Панајотов, Коце Гочев и Мише Бачов.
По неуспехот на Хуриетот во 1909 - 1910, заедно со Тодор Александров учествувал во обновата на организациската дејност во Штипско и во мај 1910 година е избран за член на Задграничното претставништво заедно со Павел Христов[3][4].
...(Кога б.н) сите ги прифатија ентузијазмот и волјата за борба, во... хотелот Ројал бавно гаснеше живтот на еден од најбудните синови на Македонија. Смелиот водач на револуционерно Штипско, војникот на бунтот и душата на толку безумно смели акциии... беше легнат на кревет од жолтата сопатничка на потребите и незгодите - туберкулозата.
Ревоуцијата ги изела дробовите на Тодор Лазаров. И сред всеопштиот подем, тој сега беше принуден да биде далечен, бесполезен и загубен меѓу толпата... Трагедијата на револуционерот беше необхватна... Непогоден да влезе и изгори во големата борба , револуционерот го застрела едно од најголемите срца на Македонија. Господар на животот, тој беше станал и господар на смртта[9].
↑Илюстрация Илинден, април 1940, година 12, книга 4 (144), стр. 4-6.
↑Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 91 - 92.