Норберто Мурара Нето
Норберто Мурара Нето (роден на 19 јули 1989, во Араша) — бразилски фудбалер, голман на Борнмут и на бразилската репрезентација. Клупска кариераАтлетико ПаранаенсеНето е роден во Араша, Минас Жераис и започнал да игра фудбал во екипата на Атлетико Паранаенсе. Дебитирал за првиот тим во Кампеонато Бразилеиро Серија А 2009, започнувајќи како стартер во натпрварот против Гремио Баруери на 16 август на Арена да Баишада.[1] Првично Нето бил резервена опција на првиот голман Галато, но на 29 ноември бил избран од страна на тренерот на Антонио Лопес да го одигра својот втор натпревар, во растојание од три месеци - двобојот на домашен терен со Ботафого. Во јули 2010, Галато го напуштил клубот и заминал во шпанската Малага, а со тоа Нето станал прв избор на голот на Атлетико Паранаенсе, иако уште од мај истата година тој бил редовен стартер. За време на Бразилската Серија А 2010 Нето бил постојано на голот на својот тим и ги одиграл сите натпревари во лигата. ФјорентинаНа 17 јануари 2011, на 21-годишна возраст, бил купен од страна на Фјорентина,[2] за 3 милиони евра,[3] потпишувајќи договор на пет години.[4] Во својата прва сезона во клубот не бил во преден план и не одиграл ниту еден натпревар. Во сезоната 2011-2012 бил втор голман на виола зад стартерот Артур Боруч. На 24 ноември 2011, го направил своето деби во победата со 2-1 над Емполи во Купот на Италија.[5] На 11 јануари 2012, го одиграл својот втор натпревар во дресот на Фјорентина, повторно во Купот на Италија, примајќи 3 гола од Рома во поразот со 3-0. На 29 април, го направил своето деби во Серија А во натпреварот Аталанта-Фјорентина (2-0)[6]. За време на сезоната 2012-2013 повторно бил втор голман на екипата, овојпат зад Емилијано Вивиано, кој пристигнал на заем од Палермо. На 18 август 2012, го одиграл првиот натпревар за сезоната, сочувувајќи ја мрежата празна во победата над Новара (2-0) во Купот на Италија. Во Купот на Италија, исто така, ги одиграл следните три натпревари: Фјорентина - Јуве Стабија (2-0), Удинезе - Фјорентина (0-1) и Фјорентина - Рома (0-1) со Фјорентина била елиминирана во четврт-финалето. Својот прв натпревар во лигата го одиграл на 16 декември 2012 година, тосканското дерби против Сиена кое завршило со резултат 4-1. Нето играл уште пет натпревари до крајот на сезоната,[7] примајќи вкупно 9 гола. Во сезоната 2013-2014, благодарение на заминувањето на Вивиано, станал прв голман на тимот, пред својте колеги Густаво Мунуа и Кристијано Лупатели. Првиот натпревар од сезоната го одиграл на 22 август, во прелиминарната фаза од Лигата на Европа против Грасхопер (2-1). Првиот натпревар во лигата пристигнал на 26 август, победата со 2-1 над Катанија. Откако на почетокот од сезоната перформансите на Нето биле многу непредвидливи, правејќи одлични интервенции но и наивни грешки како онаа во реваншот против Грасхопер во Фиренца што го чинела неговиот тим пораз (0-1), подоцна станува еден од темелите на тимот давајќи сигурност на голот и ја потврдува својата позиција како прв голман. Во периодот од 12 декември 2013 до 23 јануари 2014 година, во 4 натпревари од првенството и два во Купот на Италија, ја сочувал својата мрежа нечепната вкупно 676 минути, што претставува рекорд во историјата на клубот. Во неговата последна сезона во клубот продолжил да игра како прв голман сè до февруари, кога, најмногу заради одбивањето за продолжување на договорот кој му истекувал во јуни истата година, бил преселен на клупата а можност да брани добил вториот голман, Чиприан Татарушану. Сепак, откако романскиот голман се повредил, Нето се вратил меѓу стативите. Сезоната ја завршил со вкупно 38 настапи во сите турнири, на кој примил 46 гола. Вкупно за четири и пол години во Фјорентина одиграл 101 натпревар и примил 113 голови. ЈувентусНа 3 јули 2015, потпишал четиригодишен договор со Јувентус за два милиони евра по сезона.[8] Избрал да го носи дресот со број 25. Репрезентативна кариераНето првпат бил повикан во бразилската репрезентацијата од страна на селекторот Мано Менесес во септември 2010.[9] Во 2012, Нето бил повикан во бразилската олимписка репрезентација за настап на Летните олимписки игри, кој се одржале во Лондон. Тој настапил во нивните први два натпревари од групната фаза, победите над Египет и Белорусија, пред да биде заменет од страна на Габриел во остатокот од турнирот. Бразил го освоил сребрениот медал, откако биле поразени од Мексико во финалето. Хронологија на репрезентативните настапи
Клупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 16 август 2015.
ТитулиКлупски
Репрезентативни
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia