Рахим Стерлинг
Рахим Шакил Стерлинг (англиски: Raheem Shaquille Sterling; 8 декември 1994) — англиски фудбалер, крило на Арсенал и на англиската репрезентација. Роден во Јамајка, Стерлинг се преселил во Лондон на возраст од пет години и ја започнал својата фудбалска кариера во Квинс Парк Ренџерс пред да му се приклучи на Ливерпул во 2010 година. Во јули 2015 година, по подолг спор околу новиот договор, тој потпишал за Манчестер Сити во трансфер со потенцијална вредност од 49 милиони фунти, што е највисока сума некогаш платена за трансфер на англиски фудбалер. Стерлинг го направил своето деби за сениорската репрезентација во ноември 2012, откако претходно играл и за неколку англиски младински селекции како репрезентациите под 16 години, под 17 години, под 19 години и под 21 година. Тој исто така ја претставувал Англија на две Светски првенства во 2014 и 2018 и Европското првенство во 2016 година. ЖивотописСтерлинг е роден во областа Маверли во Кингстон, Јамајка и ги поминал неговите рани години таму.[4][5] На возраст од пет години, тој емигрирал во Лондон со неговата мајка,[6][7] и присуствувал и учел во Училиштето Копланд во Вембли, северозападен од Лондон.[8] Неговиот татко бил убиен во Јамајка кога Стерлинг имал само девет години.[9][10] Технички одликиДесно крило, кое може ако е потребно да игра и на другата страна од теренот, како офанзивен играч од средниот ред, или втор напаѓач, иако најудобно се чувствува на позицијата десно крило.[11][12][13] Стерлинг е често пофален за неговата прилагодливост и способност да игра странично, и централно на врвот на дијамантот во средниот ред, нудејќи флексибилност.[14] Тој е екстремно брз играч и често знае да се извлече на левата страна а потоа да влезе во средината за да се обиде да ја заврши акцијата со погодок или асистенција. Покрај тоа тој е познат по неговото темпо, низок центар на гравитација, и дриблинг.[15] Тој исто така бил спореден со Алексис Санчес од неговиот поранешен менаџер од Ливерпул, Брендан Роџерс.[16] Клупска кариераЛиверпул2010-2012; Рани години и деби за првиот тим![]() Стерлинг бил доведен во академијата на Ливерпул од Квинс Парк Ренџерс во февруари 2010 година од страна на менаџерот Рафаел Бенитес за надомест од 600,000 фунти, со можност за зголемување до 5 милиони фунти во зависност од тоа колку настапи ќе оствари за првиот тим.[17][18] Стерлинг во почетокот играл за младинскиот тим, а својот прв гол го постигнал во пријателски натпревар против Хиберниан што завршил 2-2. Неговиот прв натпревар во Премиер Академи лигата бил ремито 2-2 против Астон Вила, а својата прва победа ја доживеал на домашен терен против Бристол Сити една недела подоцна. На 15 декември, Стерлинг играл во младинскиот ФА куп во победата со 4-0 над Нотс Каунти. На 14 февруари 2011 година, Стерлинг постигнал пет голови во победа од 9-0 над Саутенд Јунајтед.[19] На 24 март 2012, Стерлинг го направил своето сениорско деби за Ливерпул влегувајќи како замена за Дирк Кајт во 85-тата минута од првенствениот натпревар против Виган Атлетик (1-2), на возраст од само 17 години и 107 дена, со што станал третиот најмлад играч кој играл за клубот.[20] Тој имал уште два настапи во до крајот на сезоната, повторно како замена.[21][22] 2012-2013; Дебитантска сезонаЗа сезоната 2012-2013 Стерлинг и официјално бил промовиран во првиот тим на Ливерпул со број на дрес 31. Во август 2012 година, тој го направил своето деби во европските натпреварувања за клубот, влегувајќи како замена на местото на Џо Кол во квалификациските за УЕФА Лигата на Европа против белорускиот Гомељ во победата на гости со 0-1.[23] На 23 август 2012, го имал својот прв старт во почетните единаесет на Ливерпул во победата со 0-1 на гостувањето кај Хартс во уште еден натпревар од квалификациите за Лига Европа.[24] Три дена подоцна го направил својот прв старт во лигата во ремито 2–2 на Енфилд против Манчестер Сити.[25] Тој ги одиграл комплетните 90 минути во поразот од Арсенал на 2 септември, и во ремито против Сандерленд на 15 септември, каде што забележал една асистенција и бил избран за играч на натпреварот. На 20 октомври, Стерлинг го постигнал својот прв гол за Ливерпул, во 29-тата минута во победата со 1-0 против Рединг со удар од работ на шеснаесетникот. Како резултат на тоа, тој станал вториот најмлад играч кој постигнал гол во официјален натпревар за Ливерпул, останувајќи само зад Мајкл Овен.[26] На 21 декември 2012 година, Стерлинг потпиша продолжување на договорот со Ливерпул.[27] Својот втор лигашки гол за клубот го постигнал на 2 јануари 2013 година, отворајќи го резултатот во победата со 3-0 против Сандерленд лобувајќи го голманот Симон Мињоле.[28] Својата прва целосна професионална сезона ја завршил со вкупно 36 настапи (24 во Премиер лигата, 2 во куповите и 10 во Лига Европа) и 2 гола. 2013-2015; Вицешампион на Англија и добитник на наградата Golden Boy![]() На 27 август 2013, Стерлинг го постигнал својот прв гол за сезоната 2013-2014 во победата со 4-2 над Нотс Каунти во Лига купот.[29] На 4 декември, Стерлинг го постигнал својот прв гол за сезоната во Премиер лигата во победата со 5-1 над Норич Сити. Неговата добра форма во декември продолжила откако тој постигнал уште два гола во победите над Тотенхем (5-0) и Кардиф Сити (3-1).[30][31] На 8 февруари 2014, тој постигнал два гола во победата со 5–1 над Арсенал на Енфилд,[32] а на 13 април, го постигнал првиот гол за Ливерпул во победата со 3–2 над Манчестер Сити.[33] Една недела подоцна, Стерлинг постигнал два гола и асистирал за уште еден во победата со 2–3 на гостувањето кај Норич Сити на Кароу Роуд.[34] Добрата сезона Стерлинг ја затворил со вкупно 38 настапи и 10 гола во сите натпреварувања; 9 од неговите голови биле во Премиер лигата а на нив додал и 7 асистенции што го прави огромен неговиот придонес во освојувањето на вицешампионското место. По завршувањето на сезоната тој бил избран за Млад играч на годината на Ливерпул.[35] На 17 август 2014 година, Стерлинг го постигнал првиот гол за Ливерпул во сезоната 2014-2015, помагајќи им на црвените да дојдат до победата во првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата над Саутхемптон со 2-1 на Енфилд.[36] На 31 август, Стерлинг го постигнал првиот гол во гостинската првенствена победа со 0–3 над Тотенхем на Вајт Харт Лејн и бил избран за играч на натпреварот.[37] Тој исто така бил избран за играч на месецот август на Ливерпул.[38] На 16 септември, Стерлинг го направил своето деби во УЕФА Лигата на шампионите во победата со 2–1 над бугарскиот шампион Лудогорец Разград на Енфилд.[39] На 14 декември 2014, го забележал својот 100-ти настап за Ливерпул во дербито против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд во кое неговиот тим бил поразен со 3-0.[40] На 17 декември, Стерлинг постигнал два гола во победата со 1–3 над Борнмут на Дин Корт во четвртфиналето од Лига купот.[41] На 20 декември, Стерлинг бил избран за добитник на наградата Златно момче за 2014 година. "Се работи за напорна работа. Многу сум среќен што луѓето препознаваат дека напорно се трудам и работам да дадам се од себе за овој фудбалски клуб. Навистина сум благодарен што сум добитник на оваа награда" изјавил тој по добивањето на наградата.[42][43] На почетокот на јануари 2015, менаџерот Брендан Роџерс му дал одмор на Стерлинг со цел да спречи играчот да се исцрпи, а овој го искористил тоа време да замине на одмор во својата родна Јамајка.[44] ![]() На 20 јануари 2015, Стерлинг постигнал убав соло гол против Челси во првиот полуфинален натпревар од Лига купот одигран на Енфилд кој завршил нерешено 1–1; тој ги минал Немања Матиќ и Гари Кејхил пред да го совлада Тибо Куртоа.[14] На 31 јануари, Стерлинг го постигнал првиот гол во победата со 2–0 над Вест Хем Јунајтед.[45] Добрата негова серија продолжила и на 4 февруари, кога тој го постигнал изедначувачкиот погодок во победата со 1-2 на гостувањето кај Болтон Вондерерс на Стадионот Макрон[46] и на 22 февруари, кога тој го постигнал вториот гол за Ливерпул во победата со 0–2 над Саутхемптон.[47] Во февруари 2015, Ливерпул му понудил нов договор на Стерлинг со кој според некој шпекулации би требало да заработува околу 100.000 фунти неделно, меѓутоа тој одбил да потпише одложувајќи ја процедурата за летото.[48] На 1 април, самиот Стерлинг потврдил во едно интервју за БиБиСи, дека одбил да потпише нов договор со клубот, но негирал дека тоа било заради пари.[49] Во меѓувреме тој го постигнал својот последен гол за сезоната на 13 април во победата со 2-0 над Њукасл Јунајтед.[50] Тој бил прогласен за Млад играч на сезоната на клубот на 19 мај, за втора година по ред, а кога ја добил наградата бил исвиркан од навивачите поради неговото одбивање за потпишување на нов договор;[51] тој, исто така, заработил свирежи од трибините и на 7 јуни, додека играл за Англија во Даблин.[52] На 11 јуни, Ливерпул, наводно, ја одбил првичната понуда од 30 милиони фунти за Стерлинг од Манчестер Сити. Една недела подоцна, тие, наводно, ја отфрлиле и втората понуда од Сити вредна 40 милиони фунти, додека Ливерпул го проценувал својот крилен напаѓач на 50 милиони фунти.[53] Стерлинг, наводно, подоцна побарал да биде изоставен од пресезонската турнеја на Ливерпул во Азија и пропуштил дводневен тренинг поради болест, што било пропратено со критики од поранешните играчи на Ливерпул, како Стивен Џерард, Џејми Карагер и Греам Сунес.[54][55] Манчестер Сити2015-2016; Освојување на Лига купот и полуфинале во Лигата на шампионитеНа 12 јули 2015 година, бил договорен трансферот на Стерлинг од Ливерпул во Манчестер Сити за почетна сума од 44 милиони фунти, со можност за уште дополинителни 5 милиони фунти, што би го направиле него еден од најскапите трансфери на сите времиња.[56][57] На 14 јули, Стерлинг официјално станал играч на Манчестер Сити, откако потпишал петгодишен договор со клубот..[58] Своето деби го направил на 10 август, започнувајќи во почетната единаесеторка на Сити на гостувањето кај Вест Бромвич Албион во првиот официјален натпревар на клубот за сезоната, во кој Стерлинг и неговите колеги победиле со 0-3.[59] Деветнаесет дена подоцна, Стерлинг го постигнал својот прв погодок во дресот на Манчестер Сити во победата со 2–0 над Вотфорд на Етихад.[60] На 17 октомври, Стерлинг го постигнал својот прв хет-трик во кариерата во победата со 5-1 над Борнмут.[61] ![]() На 3 ноември, Стерлинг го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во победата со 1-3 над Севиља во Шпанија.[62] На 8 декември, тој постигнал два гола во последните десет минути во последниот натпревар на клубот од групната фаза против Борусија Менхенгладбах, помагајќи му на Сити да го анулира дефицитот од 1-2 и да стигне до победа од 4-2 со која го прескокнале Јувентус и избиле на првото место во конечниот поредок на групата.[63] На 28 февруари 2016, Стерлинг ги одиграл сите 120 минути во победата на пенали над неговиот поранешен клуб Ливерпул во финалето на Лига купот;[64] тоа бил неговиот прв освоен трофеј во кариерата. На 20 март 2016 година, тој претрпел повредa на препоните при поразот со 1-0 од градскиот соперник Манчестер Јунајтед, при што бил надвор акција 8 недели.[65] По враќањето на терен, Стерлинг го загубил своето место во почетната постава.[66] Во двата натпревари против Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите Стерлинг играл влегувајќи како резерва во второто полувреме, меѓутоа без значаен придонес додека Сити бил елиминиран со вкупен резултат 1-0. Својата прва сезона во новиот клуб Стерлинг ја завршил со вкупно 47 одиграни натпревари и 11 постигнати гола, меѓутоа во англиските медиуми главно преовладувало мислењето дека не ги оправдал вложените средства во него. 2016-2018; Освојување на Премиер лигата и уште еден Лига купПо доаѓањето на Пеп Гвардиола, Стерлинг редовно играл за Манчестер Сити во првите натпревари од сезоната 2016-2017.[67] Тој бил прогалсен за Играч на месецот во Премиер лигата за месец август 2016 година, откако постигнал два гола и забележал една асистенција во три натпревари.[68] На 21 февруари 2017, Стерлинг постигнал гол и му асистирал на Серхио Агуеро при победата од 5-3 против Монако во Лигата на шампионите.[69] На 26 август 2017, Стерлинг го постигнал победнички погодок во гостинската победа со 2-1 против екипата на Борнмут. Сепак, веднаш потоа тој бил исклучен од натпреварот откако судијата Мајк Дин му покажал втор жолт поради тоа што славел со гостинските навивачи кој влетале на теренот.[70] На 20 септември 2017, Стерлинг го одиграл својот 100-ти натпревар во дресот на Сити во победата со 2-1 на гости против Вест Бромвич Албион во третата рунда на Лига купот. На 29 ноември 2017, Стерлинг постигнал уште еден победнички гол во судиското продолжение, овојпат во 96-тата минута во победата со 2–1 на домашен терен против Саутхемптон.[71] На 25 февруари 2018, Манчестер Сити го освоил петтиот трофеј во Лига купот во клупската историја победувајќи го Арсенал во финалето со 3-0, но Стерлинг не играл во тој натпревар поради повреда на тетивата која го оддалечила од теренот речиси еден месец. Сезоната ја завршил со 18 првенствени голови што претставува негов личен рекорд во кариерата, а својот последен првенствен гол за сезоната го постигнал во победата со 5–0 над Свонзи Сити на 22 април 2018.[72] На крајот од сезоната 2017-2018, Манчестер Сити ја освоил титулата во Премиер лигата, прва лична во кариерата на Стерлинг, кој пак бил втор стрелец на клубот (со 18 постигнати гола) со 3 гола помалку од најдобриот стрелец на граѓаните аргентинецот Серхио Агуеро кој постигнал 21. 2018-2019;На 12 август 2018, Стерлинг го постигнал првиот гол за Манчестер Сити во победата со 2-0 над Арсенал;[73] тоа бил неговиот 50-ти гол во Премиер лигата.[74] ЧелсиНа 13 јули 2022, Стерлинг потпишал петгодишен договор со Челси, кој го довел од Сити за сума од 47.5 милиони фунти.[75] Дебитирал за сините на 6 август во победата со 1–0 на гостувањето кај Евертон во првото коло од Премиер лигата 2022-2023.[76] На 27 август, Стерлинг ги постигнал своите први голови за клубот, и двата, во првенствената победа со 2-1 над Лестер Сити.[77] Репрезентативна кариераМладински репрезентацииСтерлинг бил избран да игра за англиската репрезентација на Светското првенство за играчи под 17 години 2011 во Мексико.[78] Тој постигнал гол со удар од голема далечина во победата на Англија со 2-0 против Руанда во Пачука во првиот натпревар на Гордиот Албион на турнирот. Тој, исто така, постигнал гол и против Аргентина во осминафиналето каде Англија победила со 4-2 по изведување на пенали (натпреварот завршил 1-1 по 120 минути игра).[79] Англија го завршила учествотото на овој турнир во четвртфиналето после поразот од Германија со 3-2 во Морелија. Во октомври 2012, за првпат бил повикан во англиската репрезентација под 21 година и дебитирал влегувајќи како замена во натпреварот против Србија на 16 октомври.[80][81] Својот прв гол за У21 репрезентацијата го постигнал на 13 август 2013, во победата со 6-0 над Шкотска.[82] Сениорска репрезентација![]() Стерлинг го направил своето деби за Англија на 14 ноември 2012, започнувајќи како стартер во пријателски натпревар против Шведска.[83] На 5 март 2014 година, Стерлинг го забележал својот втор настап и бил прогласен за играч на натпреварот во победата на Англија над Данска со 1-0 во пријателски натпревар одигран на Вембли.[84][85] На 12 мај 2014, Стерлинг бил избран во 23-члениот состав на Англија за Светското првенство 2014 во Бразил.[86] Во подготвителен пријателски натпревар за самиот турнир одигран на 4 јуни, против Еквадор во Мајами, Стерлинг го фаулирал Антонио Валенсија со лизгачки старт, а тој пак реагирал со фаќање на Стерлинг за неговиот врат; како проследица на тоа и двајцата играчи добиле црвени картони за нивните постапки.[87] Валенсија подоцна се извинил за неговата реакција.[88][89] На 14 јуни, Стерлинг го започнал во почетните единаесет на Англија првиот натпревар на репрезентацијата на турниор, во кој тие загубиле со 2-1 од Италија во Манаус и бил оценет како најдобар играч на англискиот тим од Би-Би-Си.[90] На 27 март 2015 година, Стерлинг го постигнал својот прв погодок за Англија во квалификациите за Европското првенство 2016 против Литванија во победата со 4-0 на Вембли.[91] На 9 октомври 2015 година, Стерлинг го постигнал својот втор гол во квалификациската кампања во победата со 2-0 против Естонија.[92] Во мај 2016, тој бил избран во тимот за Европското првенство 2016 во Франција,[93] Две години подоцна, тој бил избран помеѓу 23-те играчи на Англија за Светското првенство 2018.[94] Тој ги одиграл сите натпревари (освен третиот во групната фаза кога Англија веќе била пласирана понатаму) на Англија на турнириот, играјќи како втор напаѓач во тандем со Хари Кејн. Na 15 октомври 2018, Стерлинг постигнал два гола во победата со 3-2 над Шпанија во Севиља во УЕФА Лигата на нации.[95] На 22 март 2019, тој го постигнал својот прв хет-трик во кариерата за англиската репрезентација во победата со 5–0 над Чешка на Вембли во квалификациите за Европското првенство 2020.[96] Хронологија на репрезентативните настапиСпонзорствоВо 2012 година, Стерлинг го потпишал спонзорски договор за Најк. Тој се појавил во реклама за новите Nike Green Speed II заедно со Марио Геце, Тио Волкот, Еден Азар, Кристијан Ериксен и Стефан Ел Шарави во ноември 2012 година.[97][98] Во јануари 2013 година, тој бил модел за новите Nike Mercurial Vapor IX.[99] Статистика на кариератаКлупска статистика
Репрезентативна статистика
Хет-триковиВо својата кариера Стерлинг постигнал 4 хет-трика. Три од нив биле во дресот на Манчестер Сити во натпревари од Премиер лигата, а третиот во дресот на англиската репрезентација во квалификациски натпревар за Евро 2020 против Чешка.
ТитулиКлупски
|
![]() |
„Рахим Стерлинг“ на Ризницата ? |
- Профил на Стерлинг Архивирано на 20 декември 2016 г. на мрежното место на ФК Манчерстер Сити
- Профил на Стерлинг Архивирано на 1 февруари 2016 г. на мрежното место на англиската репрезентација
- Рахим Стерлинг на Soccerbase
|
|
|
Portal di Ensiklopedia Dunia