Хамбург (метрополитенска област)
Метрополитенска област Хамбург (германски: Hamburg Metropolitan Region) — една од единаесетте метрополитенски области во Германија. Го опфаќа градот-држава Хамбург, како и делови од сојузните покраини Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн и во помала мера и во покраината Мекленбург-Западна Померанија.[2] ИсторијаНа 1 јануари 2006 година била отворена Канцеларијата на метрополитенската област Хамбург, како што било договорено во договорот за соработка (Staatsvertrag über Zusammenarbeit) помеѓу Хамбург, Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн.[3] Слободниот и ханзеатски град Хамбург е центарот на метрополитенската област Хамбург, шестата по големина од единаесетте метрополитенски области во Германија. Метрополитенската област до последните проширувања се протегала низ долносаксонските окрузи Куксхафен, Харбург, Хајде, Лихов-Даненберг, Линебург, Ротенбург, Штаде и Илцен и окрузите во Шлезвиг-Холштајн Војводство Лауенбург, Зегеберг, Штајнбург, Штормарн, Пинеберг, Дитмаршен. Метрополитенската област на крајот на 2011 година имало вкупно околу 5,1 милион жители.
На почетокот на 2012 година се променил покраинскиот договор за финансирање и заедничка соработка во метрополитенската област Хамбург и од 1 мај 2012 година влегле и окрузите на Мекленбург-Западна Померанија Лудвигслуст-Пархим (овој се протега на местото на поранешниот округ Лудвигслуст) и Северозападен Мекленбург, како и округот Источен Холштајн (Шлезвиг-Холштајн), како и слободните градови Нојминстер и Либек. .[4] Оттогаш, метрополитенската област Хамбург опфаќа 5,1 милион жители на област од 26.000 квадратни километри.[5] ГеографијаВо 2005, метрополитенската област Хамбург се состоела од градот-држава Хамбург, руралните окрузи на Долна Саксонија и окрузите на Шлезвиг-Холштајн, со повеќе од 800 градови и општини. Областа покривала област од 19.802 км2.[6] Административна поделба![]() ![]() ![]()
* Окрузи и слободни градови (Kreisfreie Städte). Слободен град
Поголеми урбани зони![]() ![]() Хамбуршката поголема урбана зона (ПУЗ) како што е одредена од програмата „Урбан Аудит“ (Urban Audit) на Евростат покрива област од 7.303 км2, а во 2004 година содржела 3.134.620 жители[9] (густина на нас. 429 жители/км2). Поголемата урбана зона ги покрива само Слободниот и ханзеатски град Хамбург и непосредните окрузи со кои се граничи градот.[10] Хамбуршката ПУЗ соодвествува на областа што ја опслужува Хамбуршкиот сообраќаен сојуз (Hamburger Verkehrsverbund; HVV).
* Окрузи и слободни градови. Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
53°30′N 10°00′E / 53.5°N 10.0°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia