Селото се наоѓа во Кичевската Котлина, во областа Рабетинкол, во источниот дел на територијата на Општина Кичево.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 700 метри.[2] Од градот Кичево е оддалечено 7 километри и лежи во подножјето на планината Челоица.
Селото е познато во Кичевско, сместено во подножјето на југоисточната падина на масивот Голи Рид. Околни села се: Челопеци, Речани и Крушица.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Старец, Димоа Нива, Гарански Рид, Мело Ливада, Мала Ливада, Филипои Колиби, Јели, Ограѓе, Ливади, Средно Поле, Црн Лаг, Река, Слатина, Клукоо, Кошари, Орници, Песок, Поток, Станишец, Банско, Душец, Садајне, Орница, Црквиче и Попоо Гумно.[3]
Селото има разреден тип. Поделено е на Предно, Средно и Долно Маало. Првото е во североисточниот дел, а последното во југозападниот дел. Роднинските куќи се групирани и се поблиску една до друга.[3]
Историја
Орланци спаѓа во старите населби во Кичевско. Под истото име се споменува во втората половина на XV век, кога било поголемо од денес и броело 97 словенско-христијански куќи. Селото во тоа време се наоѓало 2 километри северно од денешната положба, сместено на планинската падина во месноста Мала Ливада. Мештаните се префрлиле на денешната положба во првата половина на XIX век.[3]
Во месноста Селиште се наоѓаат остатоци од срушен храм, каде мештаните се собираат на Св. Ѓорѓи (посен). Слаби остатоци има и јужно од Орланци, каде се наоѓа црквиште и мештаните одат на Атанасовден. На месноста Попоо Гумно се наоѓаат стари гробови.[3]
Селото изобилува со стари зачувани куќиПоглед на Долно Маало
Атарот зафаќа простор од 12,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 732 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 212 хектари, а на пасиштата 168 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2]
За време на отоманскиот период, селаните сами ја поседувале земјата. По заминувањето на Турците, селаните збогатени од печалбите купувале плодна почва во рамнината околу Треска, во атарите на торбешките села.[3]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
514
—
1953
474
−7.8%
1961
392
−17.3%
1971
281
−28.3%
1981
151
−46.3%
Година
Нас.
±%
1991
83
−45.0%
1994
76
−8.4%
2002
37
−51.3%
2021
17
−54.1%
Според податоците од 1873 година, селото Орланци имало 48 домаќинства со 184 жители христијани (Македонци).[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Орланци се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 100 куќи.[7]
Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Орланци:[8]
Домаќинства
Гурбетчии
Писмени
Неписмени
мажи
жени
вкупно
мажи
жени
вкупно
98
170
153
42
195
181
242
423
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Македонци.[9]
Селото преминало од средно во мало село, коешто во 1961 година броело 392 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 76 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Орланци живееле 37 жители, сите Македонци.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 17 жители, од кои 14 Македонци и 3 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Доселеници:Николовци (5 к.) и Музаревци (3 к.), доселени се од селото Кладник; Тутунџиовци (2 к.), доселени се од селото Русјаци, основачот на родот бил домазет; Поп-Симјановци (1 к.), доселени се од Речани; Куслевци (8 к.), Јаневци (4 к.), Новаковци (1 к.), Мирчевци (1 к.) и Чупаревци (1 к.), доселени се однекаде; Стрезовци (4 к.), доселени се од селото Сретково, Гостиварско; Калевци (3 к.), доселени се од областа Матија во Албанија. Сосема се иселени родовите Колевци и Сиљановци.
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[16]
Староседелци:Печуровци (10 к.), Грубановци (3 к.), Спасеновци (3 к.), Поповци (4 к.), од нив потекнува владиката Козма Пречистански, Мирчевци (2 к.), Чупчевци (2 к.), Влајковци (2 к.), Радевци (14 к.), Муовци (1 к.), помеѓу нив има домазет од Босна, Пашовци (1 к.) и Горевци (6 к.), помеѓу нив има домазет од селото Челопеци (од Грујовци).
Доселеници:Мутавџијовци (2 к.), доселени се пред 400 години од селото Кладник; Џанчевци (3 к.), доселени се од селото Стрелци; Мијаилевци (3 к.), доселени се пред околу 300 години од селото Кладник; Поп Ѓорѓевци (2 к.), доселени се пред околу 300 години од селото Лешница, па затоа ги викаат Шопки; Музаревци (2 к.), доселени се пред околу 300 години од некое село Кошино во Порече (веројатно Прилепско); Стреовци (22 к.), доселени се пред околу 500 години од селото Сретково кај Гостивар; Калевци (3 к.), доселени се пред околу 400 години од областа Матија во Албанија; Белевци (5 к.), доселени се од селото Кладник; Клумчаровци (1 к.), доселени се пред околу 250 години од селото Речани и Куслевци (15 к.), доселени се пред околу 400 години од некое село Речани кај Битола (?).
Општествени установи
Поранешното основно училиште „Маршал Тито“
Поранешно основно училиште „Маршал Тито“
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Вранештица.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната истоимена општина, во која покрај селото Орланци, се наоѓале и селата Дупјани, Козичино, Крушица, Миокази, Патец, Рабетино, Речани, Светораче и Челопеци. Во периодот 1950-1952, селото влегувало во рамки на некогашната Општина Челопеци, заедно со селата Лисичани, Миокази, Орланци и Челопеци.
Црква „Свети Никола" — изградена во 1872 година. Поради тоа што Турците ја запалиле, во целост изгорела во 1903 година. Обновена е во 1908 година, во нејзиниот поранешен изглед, црквата претставува масонска градба. Иконостасот, кој е пренесен од старата црква, е изработен во периодот помеѓу 1882-1885 година.[22]
Во минатото се бележи дека селото имало 12 цркви и манастири. Од нив се зачувани само гореспоменатите две. Меѓу оние за кои се знае дека се урнати се: „Св. Атанасиј“, за која се верува дека била средновековна, но без точен датум на изградба; манастирот „Св. Богородица“ и црквата „Св. Ѓорѓи“.[2]
Од селото се имаат иселено бројни жители. Најмногу иселувања се забележани во Белград и Земун, каде по Втората светска војна се иселиле 30 домаќинства. Сосем се имаат иселено родовите Колевци и Силјановци. Родот Поповци во кичевското село Русјаци е доселен од Орланци.[3]
↑ 3,03,13,23,33,43,53,63,7Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 22–23.
↑„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 90-91.
↑Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 12 декември 2020.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
↑. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
↑ 25,025,1. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)