ОУ „Његош“ - Колонија Идризово
Училиштето е именувано по црногорскиот владика и владетел Петар Петровиќ-Његош. ИсторијаУчилиштето било изградено во 1952 година. Училишната зграда е сместена во населеното место Колонија Идризово и претставува градежен објект од цврста градба која одговара на својата намена. Функцијата на соодветен објект ја надополнуваат спортските терени и пошироките зелени површини. ОрганизацијаРеонот на училиштето ја опфаќа територијата на месната заедница Колонија Идризово, Јурумлери, Идризово, Гоце Делчев, Дрма и Дунек. Училиштето располага со околу 3000 м2 училиштен простор. Наставата во училиштето се изведува на македонски и албански наставен јазик.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia