Гоце Делчев (село)
Гоце Делчев — село во Општина Гази Баба, во околината на градот Скопје. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во Скопската Котлина, на 10 километри источно од центарот на Скопје. Лежи долж регионалниот пат Скопје - Велес (Р1102), на левиот брег на Вардар. Лежи помеѓу селата Трубарево и Јурумлери, но практично сите три се споени во една последователна целина. ИсторијаНаселбата е официјално прогласена за одделно населено место некаде кон крајот на XX или почетокот на XXI век, бидејќи за првпат е попишана во 2002 г. Население
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.405 жители, од кои 1.291 Македонец, 8 Турци, 14 Роми, 62 Албанци, 3 Власи, 20 Срби и само 7 останати.[2] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.402 жители, од кои 1.205 Македонци, 71 Албанец, 2 Турци, 15 Роми, 10 Срби, 4 Бошњаци, 9 останати и 86 лица без податоци.[3] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia