ОУ „Гоце Делчев“ - Јабланица

Гоце Делчев
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина: Општина Струга
Наречено по: Гоце Делчев
Нас. место: Јабланица
Адреса: с. Јабланица
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1919; пред 106 години (1919)
Директор: Билјана Наумоска
Број на ученици: 81
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место oougocedelcev.wordpress.com/about/
Е-пошта gocedelcevjablanica@yahoo.com
Телефон 046/783-342
Факс 046/783-342


Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Јабланица; скратено: ООУ „Гоце Делчев“) — централно основно училиште во селото Јабланица, Општина Струга.[1] Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Јабланица.[2]

Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.

Местоположба

Поглед на училиштето

Објектот на училиштето се наоѓа на прекрасна местоположба во средишниот дел на селото Јабланица.[2]

Историја

Училиштето постои од 1919 година, кога наставата се изведувала на српски јазик. Од 1944 година, основното училиште во селото ја изведува наставата на македонски јазик.[2]

Организација

Во училиштето работат 23 наставници и осум членови на помошниот персонал во училиштето.[2]

Во училиштето учат 81 ученик, распоредени во 15 паралелки.[2]

Подрачни училишта

Во рамките на општинското основно училиште „Гоце Делчев“ се наоѓаат и три подрачни основни училишта од прво до деветто одделение, каде покрај учениците од селата каде што се наоѓаат самите подрачни училишта, се образуваат и други ученици од поблиските села. Овие училишта се:[2]

  1. Подрачно основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ во село Луково
  2. Подрачно основно училиште „Гоце Делчев“ во село Нерези
  3. Подрачно основно училиште „Гоце Делчев“ во село Пискупштина

Наводи

  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-16.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „Основни и средни училишта“. Општина Струга. Посетено на 7 ноември 2018.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya