Името на селото првпат е споменато како „Јабланица“ во 1342 година. За името постојат повеќе варијанти од каде потекнува:[2]
Суптантивизирана придавка (со првично значење „вода покрај која расте јаблан“) од исчезнатиот збор „јаблан“ и наставката -ица;
Образување со наставката -ица од апелативната основа „јаблан“ (вид шумско дрво), кое најпрво се однесувало на Јабланичка Река, а потоа преминало на планината и на селото; и
Од исчезнатото хидронимиско име Јабланина од апелативот јаблан + -ица.
Географија и местоположба
Поглед на дел од селото
Селото се наоѓа во областа Дримкол, во северниот дел на територијата на Општина Струга, на источните огранки на планината Јабланица, чиј атар високо се издига на планината.[3] Селото може да се смета како планинско, на надморска височина од 840 метри. Од самиот град Струга е оддалечено 25 километри.[3]
Селото Јабланица се наоѓа во областа Дебарски (Долни) Дримкол, на 25 километри северозападно од градот Струга и 37 километри јужно од Дебар.
Воглавно се наоѓа на една пространа планинска тераса на левата страна на Јабланичка Река, во помал дел и на нејзината десна страна.
Селото има седум маали: Дејкоска, Горна, Шајноа, Гроф, Топлец, Бојкоо и Ломница. Маалите се раштркани и поради тоа селото е од разбиен тип. Помеѓу првите и три главни маала се наоѓа Збориште.
Историја
Името на селото Јабланица првпат се споменува во периодот од 1342-1345 година во Душановата повелба за манастирот „Св. Богородица Перивлепта“ од Охрид. Селото во минатото имало чести напади од албанските племиња Геги и Тоски. На десната страна од Јабланичката Река има месност викана Велјаре, каде има гробови за кои се смета дека се од загинатите од качачките напади.[4] На врвот Топлец има остатоци од муслимански гробови за кои се смета дека се торбешки, чии жители биле приморани да се раселат поради качачките напади и присилната албанизација.[5]
Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 39 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.925 хектари, на пасиштата отпаѓаат 1.548 хектари, а на обработливото земјиште само 312 хектари.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.150 Македонци.[9]
Во 1961 година, Јабланица претставувало големо село со 1.488 жители, речиси целосно македонско население, додека во 1994 година тоа преминало во средно село по големина со 741 жител, од кои 736 Македонци и 5 жители Турци.[3]
Според попис од 2002 година, во селото Јабланица живееле 553 жители, од кои 545 Македонци, 1 Србин и 7 останати.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 308 жители, од кои 266 Македонци, 1 Турчин и 41 лице без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Доселеници:Косковци (1 к.), Белковци (4 к.), Долинци (2 к.), Аџијовци (8 к.), Кочовци (4 к.), Шикулевци (4 к.) и Петровци (4 к.), сите се доселени од селото Мартинеши (во Албанија), близу до реката Мат; Домазетовци (5 к.), доселени се од Мартинеши или Стеблево (во Албанија); Велоклењовци (6 к.), Топузовци (2 к.), Будиновци (3 к.), Марковци или Терзијовци (3 к.) и Цаповци (1 к.), доселени се од селото Клење, Голо Брдо; Лекици (15 к.), доселени се од некое место Леки-Лекаит кај Скадар (северна Албанија); Апостоловци или Постоловци (3 к.), доселени се однекаде; Алачковци или Кајшовци (2 к.), потекнуваат од предок кој дошол како домазет од селото Брчево; Пентелешовци (4 к.), доселени се од некое место кај Солун (Егејска Македонија); Цоклевци (3 к.), вистинските Цоклевци се гранка од родот Симиџијовци, но овие Цоклевци потекнуваат од предок кој бил посинет од Солунско и Тримовци (1 к.), потекнуваат од домазет доселен од селото Нерези.
Торбешки родови:Садиковци (3 к.), Ајдовци (1 к.), Шабовци (2 к.), Адемовци (2 к.), Јусковци (2 к.), Демировци (4 к.), Јашаровци (5 к.) и Асковци или Асокленовци или Асовци (6 к.), стари родови се во селото. Шабовци, Адемовци и Јусковци се гранки од православниот род Домазетовци. Демировци и Јашаровци се гранки од православниот род Пејчиновци. Последниот род е доселен од селото Себишта, Голо Брдо.
Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Луково.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Луково.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Дримкол, во која покрај селото Јабланица, се наоѓале и селата Безово, Лакаица, Луково, Нерези и Пискупштина. Во периодот 1950-1952 година, селото Јабланица било дел од некогашната општина Бороец, во која влегувале селата Бороец, Јабланица и Лакаица.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1890 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Јабланица, каде влегуваат селата Јабланица и Лакаица.[17]
Црква „Св. Пророк Илија“ — изградена во 1896 година. Преосветена во 1996 година. Нема фрескоживопис;
Црква „Св. Богородица Пречиста“ — изградена во 1976 година, а осветена во 1978 година од страна на тогашниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Ангелариј. Нема фрескоживопис. Иконите се од 1843 година, изработени од Дичо Зограф и од други зографи, што потврдува дека имало постар објект—
Црква „Св. Мина, Виктор и Викентиј“ — изградена во 1975 година, а осветена на 24 ноември 2001 година. Нема фрескоживопис. Иконите на иконостасот се од 1826 година, што потврдува дека имало постар објект;
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 7 ноември 2018.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑ 21,021,1Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 16, 18.
↑„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 18.
↑Исторически албум на град Струга, София, 1930, стр. 38.
↑Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 95.