Општина Струга
ИсторијаЗграда на општината![]() Општина Струга имала повеќе седишта односно згради низ текот на годините. Во 1965 година, зграда на општината била Зградата на Народната одбрана (ул. „Владо Малески“ б.б.), каде бил сместен претседателот на општината, народната одбрана и други одделенија.[2] До ноември 2022 година, адреса на општината била на плоштад „Маршал Тито/Мајка Тереза“ бб.[3] На 4 ноември 2022 година, општинската власт службено се преселила во Старата зграда на ОУ „Браќа Миладиновци“.[4][5] Демографија![]() ![]() ![]() Општината се состои од 43 села и градот Струга. Според податоците од пописот на население спроведен во 2002 година, во Општина Струга имало 63.376 жители. Оваа бројка не е значајно променета во однос на бројот на жители со пописот од 1994 (според тогашната административно-територијална организација), кога во тогашната општина живееле 62.679 жители. Во градот Струга живеат околу 33.376 жители Стапката на наталитетот во 2004 е 10,2 %(на 1000 жители) , а стапката на смртност изнесува 7,5 % (на 1000 жители). Стапката на смртност кај доенчињата изнесува 10,6 ‰ промили. Природниот прираст во бројка е 101, во промили е 2,7. Со овие податоци општината е под просекот на Републиката. Миграционото салдо во 2004 година е 6. Притоа како доселени се регистрирани вкупно 223 лица, од кои 152 се доселени граѓани во рамките на РМ. Бројот на вкупно отселените изнесува 217, од кои 150 се отселени граќани во рамки на РМ. Карактеристично е дека од вкупно отселените граѓани најголем број (113) се од женски пол, а најчести причини за преселување се склучувањето брак и семејните причини (78 и 52 редоследно). Просечната густина на населението изнесува 130,6 лица на км2. Бројот на склучени бракови во 2004 година е 288 или 7,8 брака на 1.000 жители и бројка на разводи 12 или 0,3 разводи на 1.000 жители. Во однос на склучените бракови Општината е над, додека во однос на разведените бракови Општината е под републичкиот просек, односно спаѓа во групата општини со најниска стапка на разведени бракови. Структурата по пол за Општина Струга е 31.743 (50 %) жени и 31.633 (50 %) мажи. Просечната старост на населението, според пописот од 2002, изнесува 33,1 години. Учеството на младо население до 20 годишна возраст изнесува 36,2%, најголемо учество во вкупното население има населението со старост под 40 години 67,2% додека процентот на население над 60 години е 11,7. Демографија на старата општина Струга (1996-2004)Според пописот од 2002 година, a според старата територијална поделба, општината имала 36.892 жители.[6]:
Во општината, според пописот од 2002 година, во општината се зборувале следниве јазици[6]:
Во општината, според пописот од 2002 година, во општината биле застапени следниве религии[6]:
Демографија на новата општина Струга (2004-денес)Според пописот од 2002 година, a според новата територијална поделба, општината имала 63.376 жители.[6]:
Во општината, според пописот од 2002 година, во општината се зборувале следниве јазици[6]:
Во општината, според пописот од 2002 година, во општината биле застапени следниве религии[6][7]:
Општествени установиСамоуправа и политикаГрадоначалник на општина Струга е Рамиз Мерко од редовите на ДУИ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[8] Функцијата градоначалник ја извршувал и во периодот 2005-2013. Советот на општина Струга е составен од 27 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се: ![]() АА: 8 места СДСМ: 7 места ДУИ: 6 места ВМРО-ДПМНЕ: 4 места БЕСА: 2 места Културни и природни знаменитостиРедовни настаниСтрушки вечери на поезијата - најголемата светска поетска манифестација што се одржува секоја година во градот Струга. Манифестацијата е основно одбележје на градот како туристички центар и на неа присуствуваат најмалку 200 светски поети. На поетскиот фестивал меѓу другото, се доделуваат и најголемото признание за целокупна поетска дејност, „Златен венец“, и наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на македонски јазик. Сегашен претседател на организацијата е Славе Ѓорѓо Димоски. Непосреден повод за организирање на Струшките вечери на поезијата, за продолжување на вековната културна традиција на овој град, беше литературното читање на група истакнати македонски писатели на свечениот дел од јубилејот, одржан во Струга на 15 јули 1961 година, по повод излегувањето на Зборникот на браќата Миладиновци. Се дојде до идеја дека постојат сите услови да се организира една традиционална манифестација со фестивалски карактер, која ќе се одржува во овој град, како смотра на поетските остварувања во Република Македонија во текот на една година. Култура и спортВо Општина Струга има повеќе спортски клубови. Во фудбал најголеми претставници се ФК Караорман и ФК Струга, во кошарка е КК Црн Дрим, додека во ракомет се РК Струга и ЖРК Стружанка. ИселеништвоГалерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia