ОУ „Дане Крапчев“ - Ченто
Училиштето е именувано по македонскиот партизан и комунист Дане Крапчев. ОрганизацијаРеонот на училиштето ја опфаќа територијата на урбаната заедница Маџари 2, односно десната страна на улицата „Антон Попов“ од влезот на населбата и улицата „Финска“ како и населеното место Инџиково. ИсторијаУчилиштето е изградено во 1978 година. Училишната зграда е современ градежен објект од цврста градба која наполно одговара за својата намена. Функцијата како современ објект ја надополнуваат спортските терени и пошироките зелени површини. Училиштето располага со 4.200 м2 училиштен простор и 7.150 м2 училиштен двор. Наставата во училиштето се изведува на македонски јазик со вкупно 1.033 ученика распоредени во 36 паралелки. Наставата се изведува во две смени. Училиштето организира и продолжен престој за своите ученици. Познати личности кои предавале во ова училиште
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia