СинтезисДД Синтезис, или само Синтезис - македонска етно-група, основана во 1994 година. ТворештвоГрупата во своето музицирање ги користи речиси сите македонски традиционални инструменти – кавал, гајда, зурла, тапан, тарабука, тамбура, а уникатната звучна слика, покрај современите клавијатурни инструменти, ја надополнуваат и трите женски гласови кои пеат во духот на женското групно пеење од старата македонска селска традиција. Првобитната постава на групата ја сочинувале: Драган Даутовски, Гоце Димовски, Ване Јовчев, Марјан Јовановски, Гоце Узунски, Радослав Шутевски, Ангеле Димовски, Анета Шуланковска, Билјана Ристовска и Мирјана Јошевска.[1] Синтезис имаат настапувано и одржано концерти со Тоше Проески, имаат и две заеднички песни Ој девојче и Жена Балканска имаат и заеднички албум во 1999, со Наум Петрески имаат заедничка песна Што си Лено гајлелија и заеднички албум во 2011 година. „Синтезис“ одржале бројни концерти низ Македонија, а настапувале и во Унгарија, Словенија, Австрија, Италија, Германија, Грција, Србија и Црна Гора, Португалија, Шпанија, Белгија, Полска, Франција, Шведска, Соединетите Американски Држави, Јапонија и Австралија. Групата има објавено четири албуми, а нивните композиции се наоѓаат и на познати европски компилации. Дискографија
Спотови
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia