ОУ „Д-р Трифун Пановски“ - Битола
Училиштето е именувано по македонскиот учесник во НОВ и прв партизански лекар, Трифун Пановски. МестоположбаУчилиштето се наоѓа во централното градско подрачје на Битола, помеѓу улиците „Охридска“, „Вангел Мајоро“ и булеварот „1 Мај“. Училиштето се состои од една градба со два краци. Едниот крак е стар дел изграден во 1932 година, а другиот крак е изграден 1956 година. Училиштето започнува да работи во далечната 1932 година со стариот дел. ГрадбаУчилишната градба зафаќа површина од 1420,98 м2, а училишниот двор површина од 3088 м2. Училишниот двор има зелен дел и асфалтиран дел каде што се сместени спортските терени за реализација на спортски активности. Подрачни училиштаВо состав на ОУ „Д-р Трифун Пановски“– Битола работат четири подрачни училишта и тоа во Трново, Дихово, Брусник и Братин Дол. Подрачното училиште во Нижеполе не работи од 2011 година, а исто така повеќе не работи ниту училиштето во Брусник.[2] ГалеријаНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia