Селото Нижеполе се наоѓа на 1.100 метри надморска височина на ридско-планински терени на планината Баба. Оддалечено е 9,5 километри југозападно од Битола.
Историја
Поради појава на свлечишта, во 2015 година биле изградени неколку потпорни ѕидови на неколку точки во Нижеполе.[2]
Нижеполе е средно по големина село, коешто во 1961 година има 577 жители, од кои 123 Македонци, 118 Албанци и 336 останати. Во 1994 година бројот се намалил на 231 жител, од кои 51 се од македонско население и 121 од влашко население, потоа 51 Албанец, 4 Турци и само двајца други.
Според пописот од 2002 година, селото Нижеполе броело 186 жители, од кои:[8] 47 Македонци, 30 Албанци, 4 Турци и 105 Власи.
На табелата е прикажан народносниот состав на населението низ сите пописни години:[10]
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
б.п.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
574
1953
155
107
20
—
289
—
...
48
—
619
1961
123
118
—
...
...
—
...
336
—
577
1971
137
118
3
—
...
—
...
254
—
512
1981
106
127
—
—
250
—
...
22
—
505
1991
53
81
5
—
111
—
—
7
—
257
1994
51
51
4
—
121
—
—
2
—
231
2002
47
30
4
—
105
—
—
—
—
186
2021
21
12
4
—
77
—
—
5
6
125
Родови
Како еден од најстарите албански родови во целиот битолски крај се споменува родот Баху (24 куќи) доселен во Нижополе. По потекло е од селото Ќинали кај Колоња.
Нижеполе е мешано село.
Македонски родови во селото се: Илковци (5 к.), Чочорци (4 к.), Таневци (2 к.), Бараковци (2 к.), Тотули (2 к.), Лито (1 к.) и Таловци (1 к.) овие родови изгледа се староседелски, за нив никој не знае да се доселени однекаде; Анѓелевци (1 к.) доселени се од селото Цер, Железник; Тасевци (1 к.) доселени се од Ѓавато.
Влашки родови во селото се: Тони (8 к.), Џани (7 к.), Музеќари (6 к.), Чолаку (5 к.), Пула (2 к.), Ќоса (1 к.) и Капрен (1 к.) родот Музеќари е доселен за време на Балканските војни од Музакија (Албанија). Останатите влашки родови се доселени од Москполе и Грамошта.
Албански род во селото е: Баху (20 к.) се доселил основачот на родот Бахо, тоа било во втората половина на XVIII век. Местото од каде се доселил било Ќинали во Колоња (Албанија). Го знаат следното родословие: Ќерим (жив на 73 г. во 1950-тите) Ибраим-Мамут-Алим-Бахо, кој дошол.
Саракачански родови во селото се: Козаровци (3 к.), Тако (3 к.) и Никола (1 к.). Зборуваат грчки, но тука брзо го научиле и влашкиот јазик. Во Нижеполе целосно се населиле во 1930 година, пред тоа со стоката на лето престојувале на Пелистер, додека зимата ја поминувале во околината на Гевгелија.[11]
Општествени установи
Селската црква и училиштето на грчката пропаганда во почетокот на XX век.
Црква „Св. Атанасиј“ - се наоѓа под врвот Пелистер. До неа од селото се стигнува за 45 минути пешачење. Датира од XIX век со автентичен иконостас, мал конак и простор за одмор. Во близина се наоѓа чешма со изворска вода пред која се отвора прекрасен видик на пелагониската котлина;
Црква „Св. Петка“ - се наоѓа во месноста Гргули и датира од XIX век. Се наоѓа на 10 минути оддалеченост од центарот на селото, во внатрешноста на црквата има извор на света лековите вода;
Селото се наоѓа на границата со Националниот парк Пелистер и е на само 10 км од градот Битола и претставува важно одредиште за рекреативците и другите туристи од регионот и државата, но исто така и соседните земји особено Грција и Албанија. Бројните излетнички места, планинарски патеки и скијачки терени со кои изобилува околината привлекуваат илјадници посетители преку текот на целата година. Селото дава можности за развој на повеќе видови традиционален или алтернативен туризам и одлични услови за зимски и летен туризам. Во развојот на туризмот може да се искористи и населението од самото село особено за производство на здрава храна или во функција на агро-туризмот.
Скијалиште Нижеполе - скијалиште сместено на 5.8 км (по пат) од самото село. Стопанисуван е од ЈП Стрежево од Битола.[17]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 29 април 2016.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.