ОУ „Коле Канински“ - Битола
Училиштето е именувано по македонскиот партизан Коле Канински. ИсторијаУчилиштето било отворено како четиригодишно во 1944-1945 година, а било именувано по паднатиот борец за Македонија, Коле Канински од селото Канино. Најпрвин наставата се изведувала во стара училишна зграда, сместена на левата страна од реката Курдерес во близина на Камениот мост. Со зголемувањето на бројот на ученици, во учебната година 1960/61 училиштето прераснало во осумгодишно и се вселило во нова зграда на улицата „Бранко Радичевиќ“. Истата година кон него било припоено и четиригодишното училиште од селото Поешево. Во 1967 година, кон него било припоено и училиштето во селото Буково, во кое имало осумгодишна настава, заедно со четиригодишното училиште во селото Крстоар, кое престанало со работа во учебната 2004/05 година. Во учебната 1982/83, училиштето добило уште едно подрачно училиште во населбата Буковски Ливади. ГрадбаУчилишната зграда има простор од 1634 м², а вкупната расположива површина е 4026 м². Училниците се класично опремени и училиштето располага со скромен фонд на нагледни средства. НаставаВо училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик. Подрачни училиштаВо составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
Освоени награди
Познати личности кои учеле во ова училиште
ГалеријаНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia