ОУ „Круме Кепески“ - Кисела Вода
Училиштето е именувано по истакнатиот македонист и учебникар Круме Кепески. ИсторијаУчилиштето започнало со работа на први септември 1962 година под називот „13 Ноември“. Имено, борците на Народно ослободителната војска кога го ослободувале Скопје, навлегле токму во месноста Кисела Вода на 13 ноември 1945 година. На ова место е подигната и чешма како вечен спомен за херојските подвизи на скопските илегалци и борците од Третата и Дванаесеттата македонска ударна бригада. На ова место пред педесет години се удрени и темелите на нашето училиште. Првата генерација наставници броела вкупно 40 и изведувале настава за 1000 ученици. Бројот на учениците во текот на наредните години пораснал на 1.400, така што училиштето се сретнало со проблемот на недостиг на работни простории. Од 1976 до 1982 година во училиштето бил изграден дневен престој со три простории, модерна трпезарија и кујна, а завршена била и училишната зграда во населбата „Припор“. Во 1993 година, училиштето го сменило името во „Круме Кепески“. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia