Кисела Вода (населба)![]() ![]() Кисела Вода — населба во Скопје. Оваа населба е една од поголемите населби во Општина Кисела Вода што зафаќа површина од 43 км2 и има население од 58.216 жители, од кои 50.702 се Македонци.[1] ИсторијаВо XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Екши Су и било христијанско, со 9 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 29 мажи христијани, со 3 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 64 жители.[2] Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 270 жители.[3] НаселениеСпоред германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[4] Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Кисела Вода има 51.357 жители. Следува табела на народносната структура на населението:
Потекло на иметоМесноста е наречена по изворот што постоел на местото каде што денес стои црквата „Св. Никита“. Според преданието, кон крајот на XVIII век во овој крај се населил Усеин-бег, кој тука направил цветни градини. Бегот бил слеп, и при една прошетка низ чифликот застанал да се измие од водата и прогледал. Тогаш местото го прогласил за свето и не го давал за јавна употреба сè до неговото заминување, кога им го подарил на селаните за тука да изградат црква.[5] Галерија
Личности
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia