ОУ „Рајко Жинзифов“ - ДрачевоЗа други значења на поимот, погл. ОУ „Рајко Жинзифов“.
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски преродбеник Рајко Жинзифов. ИсторијаУчилиштето е плод на хуманоста и солидарноста на народот и Владата на Обединетото Кралство, кое било изградено по разорниот земјотрес во 1963 година. Училиштето службено започнало со работа на 1 септември 1964 година. Во населбата Пинтија е сместено подрачно деветгодишно училиште. Централното училиште постои веќе 50 години, а подрачното училиште како деветгодишно основно училиште работи веќе неколку години. Исто така училишната библиотека работи уште од самите почетоци на училиштето и во својот фонд на книги брои над 1000 изданија. Изградба нов објектВо ноември 2012 година, биле поставени темелите на новата училишна зграда на училиштето како донација од Владата на Народна Република Кина. Изградбата на новото училиште завршила во септември 2014 година, а проценета е на 3,9 милиони евра. Покрај објектот, сиот инвентар, исто така, е донација од НР Кина. На 1 септември 2014 година изградена и пуштена е новата зграда со 4.500 квадратни метри во кои се сместени 35 училници, 5 ново опремени кабинети и библиотека. Во дворот кој се протега на 16.000 квадрати има фудбалско игралиште, кошаркарско игралиште, атлетска патека, простор за слободни активности на отворено. Во учебната 2014/15 училиштето имало 704 ученици, од кои 82 биле првачиња.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia