ОУ „Страшо Пинџур“ - КавадарциЗа други значења на поимот, погл. ОУ „Страшо Пинџур“.
Училиштето е именувано по македонскиот партизан Страшо Пинџур. ИсторијаЗградата на училиштето започнала да се гради 1939-1940 година како Нижа гимназија (позната како Старата гимназија), а изградбата била завршена во 1941 година, но не работела бидејќи во неа биле сместени војници на Кралството Југославија. Зградата имала 10 училници, две канцеларии, два кабинета и неколку помошни простории. За време на бугарската окупација имало два класа со вкупно 67 ученика, а наставата се одвивала на бугарски јазик. Во 1945 година била преобразувана во Народна гимназија и како таква работела сè до 1956 година кога била преобразувана во основно училиште „Страшо Пинџур“. Во состав на училиштето работат: од 1975 година посебни паралелки, од 1992 година полни подрачни училишта во Дреново и Возарци од I до IX одделение и ученички дом-интернат во Дреново, а во Марена од I до V одделение. Во училиштето од 2001/02 година работи дневен престој за сите ученици од општината.[2] Подрачни училиштаВо составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
Галерија
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia