Обединети Покраини на Рио де ла Плата
Обединети Покраини на Рио де ла Плата (шпански: Provincias Unidas del Río de la Plata), а првично именувана како Обединети Покраини на Јужна Америка (шпански: Provincias Unidas de Sudamérica), била независна држава во Јужна Америка која произлегла од поранешната шпанска колонија Вицекралство Рио де ла Плата, во регионот на Рио де ла Плата. Оваа држава произлегла од Мајската револуција во 1810 година и аргентинската војна за независност во периодот од 1810 до 1818 година. Буенос Аирес бил избран за главен град на Обединетите Покраини на Рио де ла Плата. Денес во аргентинската химна таа држава се нарекува Обединети Покраини од Југот, а според денешниот устав на Аргентина името „Обединети Покраини на Рио де ла Плата“ е едно од официјалните имиња на државата заедно со имињата Аргентина, Аргентинска Конфедерација и Аргентинска Нација.[1] МестоположбаОбединетите Покраини на југ се граничеле со „територијата на староседелците“, име кое се користело за слабонаселените региони Пампас и Патагонија, кои денес се во составот на Аргентина. На север Покраините се граничеле со Гран Чако, регион кој бил и е под контрола на Парагвај, Боливија и Бразил, и Горно Перу (денешна Боливија). На запад преку Андите се наоѓала шпанската Генерална капетанија Чиле, подоцна независна држава Чиле. Североисточно од Покраините се наоѓала португалската колонија Бразил, а подоцна независната Империја Бразил. Во склоп на тогашните Обединети Покраини се наоѓале северните делови на денешна Аргентина, пола Уругвај (другата поливина била под окупација на Бразил), делови од современ Парагвај, делови од современа Боливија и делови од колонијален Бразил. Историја![]() Промената на Вицекралството Рио де ла Плата во Обединети Покраини на Рио де ла Плата не било само промена на управништвото (гувернерите), туку тоа бил револуционерен процес со што апсолутната монархија (Шпанска Империја) се заменила со република. Главна причина за ваквите промени се гледа во преродбата во Шпанија, која промовирала нови идеи, како и Полуостровската војна со која Шпанија останала без авторитетен челник. Концептот за поделба на властта или моќта станал алатка за спречување на деспотизам.[2] Обединетите Покраини биле основани преку подолг процес кој започнал во мај 1810 годинам која граѓаните и милицијата на Буенос Аирес, главниот град Вицекралството Рио де ла Плата, го собориле шпанскиот вицекрал Балтазар Идалго де Сиснерос за време на Мајската револуција. Во тоа време немало формална објава на независноста, па така првата хунта или првата влада која произлегла од револуцијата објавила лојалност кон шпанскиот крал Фернандо VII во обид да го реформира економскиот, социјалниот, културниот и општествениот живот на Вицекралството. Веднаш штом овој процес започнал, се јавиле противници на таквата реформација на општеството и државата и целокупната насока на револуцијата. Со други зборови, Банда Ориентал (денешен Уругвај), Кордоба (денес сепак покраина на Аргентина), Парагвај и териториите на Вицекралството Перу не се согласувале со новата политика на Буенос Аирес и така оваа револуција останала чисто аргентинска, а не регионална како што била идејата. Со започнувањето на војната за независност започнала и граѓанската војна во Обединетите Покраини, а како главна причина за паралелната граѓанска војна се несогласувањата за видов на државното уредување на новата држава. ТериторииВицекралството Рио де ла Плата, до моментот на своето постоење било составено од следниве покраини: Сите овие пет ја создале современата држава Боливија, бидејќи не се согласувале со Буенос Аирес, иако исрпатиле претставници на Конгресот од Тукуман. Уругвај, тогаш именувана како Банда Ориентал, исто така исрпатил претставник на конгресот но не се сложувале со политиката на Буенос Аирес и се стремеле за основање на независна држава. Покраината Банда Ориентал станала, после неколку војни и немири, современата Уругвај. Мисионес Ориенталес бил приклучен кон Бразил како резултат на Цисплатинската војна. Подолните покраини горе долу имале покомпактна идеја за иднината на државата и заедно ја формирале современата Аргентина, а тогашна Обединети Покраини:
ПоврзаноНаводи
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia