Мендоса (покраина)
![]() ![]() ![]() Мендоса (шпан. Mendoza) е покраина во Аргентина, сместена во западноцентралниот дел на земјата во регионот Кујо. Се граничи со покраините Сан Хуан, Сан Луис, Ла Пампа, Рио Негро и Неукен. На запад се граничи со Чиле. Географија и климаСамата покраина е сместена на планинскиот масив на Андите, поточно на нивниот понизок дел попознат како „Преткордиљери“, кои се малку пониски. Реки кои течат се Мендоса, Тунујан, Дијаманте и Атуел. Климата е континентална, сончева и сува, со топли лета и ладни зими Годишните врнежи се движат од 150 до 350 mm. Планините изобилуваат со ледници. СтопанствоНајголема гранка е лозарството, односно винарството со 70% од вкупното производство во земјата. Има и големо производство на јаболка, круши, домати, кромид, сливи, маслинки, вишни, праски и души. Има огромни наоѓалишта на нафта. А исто така се копа и доста вар. Административна поделбаПокраината е поделена на 18 департмани (departamentos), ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia