Буенос Аирес (покраина)
Буенос Аирес (шпански: Provincia de Buenos Aires) е најнаселената покраина во Аргентина. Главен град е Ла Плата (850.000 жители) и се наоѓа 50 км јужно од главниот град Буенос Аирес. ГеографијаБуенос Аирес има површина од 307.571 км2 и се граничи со Рио Негро, Ла Пампа, Кордоба, Санта Фе и Ентре Риос. На исток излегува на Атлантикот. Воедно е и најголема покраина во Аргентина. Претежно е рамничарска земја со исклучок на возвишенијата: Сиера де ла Вентана и Сиера де Тандил. Највисок врв е Серо Трес Пикос (1.239 м), а најдолга река е Саладо (700 км). КлимаПросечната температура во покраината изнесува помеѓу 13 и 17 °C. На брегот ветровите се студени и влажни. Има дождови од 500 до 1.000 мм годишно. СтопанствоРазвиено е сточарството, од кои најмногу овчарството, свињарството, и живинарството. Од големо значење е и млекарската индустрија. Од земјоделските култури најмногу се одгледува соја, пченка, пченица, сончоглед. Има исто и маслинови полиња. Од индустријата најразвиени се хемиската, металургијата, автомеханиката, текстилната индустрија и производството на храна. со учинок од 50% од вкупното производство во земјата. ТуризамТуризмот најзастапен е на атлантскиот брег. Познати туристички места се: Самборомбон Беј, Мар дел Плата и др. Административна поделбаПокраината е поделена на 134 административни делови (partidos) ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia