Обредот „Маски на Прочка“ во село Љубанци, СкопскоОбред со маски (сурети, карневал) на Прочка во с. Љубанци, Скопско - е обред со маскирани учесници којшто се одржува во скопското село Љубанци, сместено на јужните падини на Скопска Црна Гора, се одржува на празникот Прочка (Велики Поклади според црковниот календар), т.е. во седмата недела пред Велигден (има променлив датум), е обред со сложена обредност. Обредното маскирање е многу архаична појава и е застапена речиси кај сите етнички заедници во светот. Што се однесува до карневалот во с. Љубанци, тешко е да се утврдат неговите почетоци, бидејќи не постојат веродостојни податоци. Во секој случај, обредните игри со маскирани учесници на Балканот се присутни уште во античкиот период, за што постојат и записи од древните хроничари, па преку средновековниот период, кога ce изложени на перманентен удар на христијанското свештенство, успеваат да преживеат сé до денешни дни. Опис на обредотГрупа момчиња и млади оженети мажи претходно се договараат за обредните улоги и маските што ќе ги носат за време на карневалот (сурети) на Прочка. Вообичаено обредот со маскирани учесници во минатото, до пред некоја година, претставувал харикирана селска свадба, при што, порај обредните улоги на "невеста" (лице од машки пол, облечено во невестинска носија) и "младожења” (младоженец), имало и "поп”, "клисар”, "кум", "старејко” (старосват). "девер” и “момак", има и други обредни улоги, како на пример, "мечка" (човек облечен во животински кожи), или други учесници со разни зооморфни маски (волк, зајак, мајмун и др.), наредени со клопотарци (ѕвонци) со разни големини што создаваат бука, како и други обредни реквизити, меѓу другото и "бебе” во колевка, т.е. кукла со партали, или пак, жива мачка замотана во старовремски пелени и сл. Поворката со маскираните учесници, придружувана од месните музичари (тапанџија, гајдаџија и др.), прошетката по селските улици ја започнува од локалитетот (маала) Пештер, а кога ќе пристигне пред селската црква, "попот”, т.е. лицето што е преоблечено во свештеничка одежда, во црковниот двор ги “венчава” “младоженецот и невестата", при што останатите учесници "ја играат” соодветната улога на кум, старосват, девер итн. По прошетката низ улиците во селото, "суретите” се собираат на средсело, каде што се одржува општоселска веселба, која завршува некаде околу пладне, а со тоа завршува и обредот со маски, во Љубанци, како и во соседните скопско-црногорски села познат под името "сурети". Денес, односно во последниве неколку години откако се организира карневал со дефиле на маскирани учесници, обредот со маски во селото Љубанци има поинаква содржина, иако некои од споменативе обредни улоги, како и обредните реквизити што некогаш се користеле во традиционалниот обред со маскирани учесници и сега можат да се сретнат кај учесниците во дефилето на карневалот. Имено, поворката со маскираните учесници своето дефиле го започнува исто така од маалата Пештер, за потоа да се упати кон училишниот двор, каде што на бината пред насобраниот народ, т.е. пред соселаните и останатите посетители се одржува главната манифестација. Но сега, покрај групата со маскирани учесници наречена "Свадба“, пред насобраните луѓе продефилируваат и разни групи со маскирани учесници со разни имиња, како на пример: “Азиланти”, “Европа во Љубанци”, “Комити”, “Мечки”, “Погреб”, "Вештерчиња" и сл. Во некои од овие групи со маскирани учесници има и учесници со разни музички инструменти (хармоника, дајре, тапан, зурла), а во некои, пак, учествуваат и живи домашни животни (коза, магаре). На крајот, за најдобрата група, според жири-комисијата, која се формира од организаторот, следува и награда со извесна парична сума. Посебни карактеристики на обредотКако посебни карактеристики на обредот во с.Љубанци во однос на останатите обреди со маски би ги посочиле локалниот обреден простор каде што се одвива обредот (маалата Пештер, старото сред село, просторот пред основното училиште што денес ја игра улогата на средсело итн.), како и времето кога тој се одржува, односно празникот Прочка, со оглед на фактот што најголем дел од обредите со маски во Македонија се одржуваат во периодот на втората половина на "некрстените денови", ПОТОЧНО од празникот Василица (Сурова) до Водици. Нематеријално културно наследствоОбредот со маски (сурети, карневал) на Прочка во с. Љубанци во Република Македонија е прогласено за значајно културно наследство. Литература
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia