Свадба во село Цер кај Кичево, 1973. годинаПодготвување за фотографирање, на свадба во Торнбури Касл, АнглијаСвадбена церемонија во црква во Финска.„Свадба на утрешната улица“, слика од Јуриј Пименов на Советска поштенска марка.
Свадба или венчавка — церемонија на која две личности се соединуваат во брак. Свадбените традиции и обичаи не се секаде исти, тие вариират во сите култури, етнички групи, религии, предели, околини, држави и општествени класи. Поголем дел од свадбените церемонии вклучуваат замена на свадбени завети помеѓу парот, давање на подарок (прстен(и), симболичен подарок, цвеќиња, пари) и јавно прогласување на бракот од авторитетна фигура. На свадбата најчесто се носат специјални свадбени облеки и најчесто свадбената церемонија е проследена од свадбен прием. Музика, поезија, молитвеници или читања од Библијата или друга слична литература можат исто така што бидат вклучени во самата церемонија.
Свадбата како тема во уметноста и популарната култура
Македонски народни свадбени песни
Во македонското народно творештво се застапени повеќе свадбени песни, како:[1]
„Цутит ружа на онаа страна“
„Вило моме зелен венец“
„Момче и девојче“
„Играло срце јунаково“
„Сви сватови на коња вјахнаа“
„Плачи, моме, да би онемело“
„Што се борја од корења корнет“
„Черешна се од корен корнеше“
„Лели ти рекох, девојко“
„Ја искочи, јунакова мајко“
„Плела мома босилкои јасли“
Свадбата како тема во книжевноста
„Сватови (Пофалба на непознатата невеста)“ — песна на македонскиот поет Петре М. Андреевски.[2]
„Нејќум невеста да бидам“ — македонска народна песна.[40]
„Черешна се од корен корнеше“ — македонска народна песна.[41]
Свадбен поклон (англиски: The Wedding Present) — англиска рок-група, основана во 1985 година.[42]
„Бела свадба“ (англиски: White wedding) — песна на британскиот рок-пејач Били Ајдол (Billy Idol) од 1982 година.
„Свадбата на Мери“ (англиски: Marie's wedding) — песна на северноирскиот пејач Ван Морисон и групата „Чифтанс“ (The Chieftains) од 1988 година.[43]
„Свадбени радосни извици во Вегас“ (англиски: Wedding Vows In Vegas) — песна на американската поп-група „Воз (Нот Воз)“ (Was (Not Was)) од 1988 година.[44]
„Свадба од илјада долари“ (англиски: $1000 Wedding) — песна на американскиот кантри-пејач Грем Парсонс (Gram Parsons) од 1974 година.[45]
Свадбата како тема во сликарството
„Младоженец“ (Mladoženja) - слика на хрватскиот уметник Мартин Мехкек од 1965 година.[46]
„Цигански сватови“ (Ciganski svati) - слика на хрватскиот уметник Иван Генералиќ од 1936 година.[46]
„Невеста“ (Mladenka) - слика на хрватскиот уметник Мирослав Шутеј од 1982 година.[46]
Наводи
↑Народна поезија, „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 29-34.
↑Петре М. Андреевски, 'Дениција. Скопје: Три, 2005, стр. 60-61.
↑ден Доолаард, А.: „Свадба во Охрид“. Охрид, 2006.
↑Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 24-25.