Оливер Андонов
Оливер Андонов (р. 27 февруари 1971[1] во Скопје) — македонски политичар и поранешен Министер за внатрешни работи на Република Македонија. Оваа функција ја извршувал само еден ден,[2][3] односно во периодот од 1 септември 2016 година до 2 септември 2016 година. ОбразованиеОливер Андонов е роден во Скопје, но живеел во Крива Паланка, каде завршил основно образование, додека средно образование завршил на Военото училиште во Задар и Сараево.[2][3] Се стекнува со подофицерски чин водник и стапува на служба во ЈНА на 15 јули 1989 година.[1] Во 1999 година дипломира на Институтот за одбрана при Филозофскиот факултет на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и се стекнува со звањето професор по одбрана- дефендолог[1]. Во 2007 година магистрирал на постдипломските студии по одбрана, безбедност и мир и развој во насоката мир и развој на тема „Етнополитичката мобилизација и нејзиното влијание врз конфликтниот процес во Република Македонија“.[1] Студиите ги завршува со прсечна оценка 9,25.[1] Во 2010 година станува и доктор на науки одбранувајќи ја дисертацијата на тема „Моделот на рано предупредување на ЕУ и неговото влијание врз безбедносната политика на РМ“ на Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. „Кирил и Методиј”.[1][2][4] Како резултат на своето континуираното образование д-р Оливер Андонов зборува Српски, Бугарски и Англиски јазик, учествува на бројни семинари, симпозиуми и конференции поврзани со Безбедност и Политички науки. Оливер Андонов е автор на повеќе од 30 научни трудови во областа на безбедност како и автор и соавтор на повеќе книги поврзани со безбедност, мир, разрешување на конфликти и политички теми. Професионална кариераПо завршувањето на средното училиште, започнал да работи во гарнизонот во Крагуевац. Како припадник на ЈНА учествува во воениот конфликтот во Хрватска, но по осамостојувањето на Македонија во 1991 стапува во служба на АРМ. Со осамостојувањето на Македонија започнува да работи во кумановскиот гарнизон на АРМ како командир на топографско одделение. Потоа работи и како командир на извидувачки вод во артилериска дивизија.[2] Во периодот од 1992 година до 2004 година, има работено на повеќе командни и штабни должности во АРМ во гарнизоните Куманово, Штип и Скопје.[1] Во текот на воениот конфликт во 2001 година Оливер Андонов како поручник во АРМ активно учествува. Во 2003 година започнува да работи на Воената академија како командир на вод и предавач. Во период од 2004 до 2006 година работи во граничната полиција на Република Македонија на границата со Република Грција. Во 2006 бил преместен во МВР како главен инспектор на криминалиситичката полиција.[2] Од 2004 до крајот на 2009 година, има работено на повеќе должности во МВР во граничната полиција и криминалистичката полиција во Секторите за внатрешни работи во Скопје и Куманово.[1] Во периодот од 2007 до 2009 година покрај работата во криминалистичката полиција Оливер Андонов ангажиран е како насловен асистент по предметот разрешување на конфликти на Факултетот за безбедност во Скопје на Универзитетот „Св. Климент Охридски” од Битола.[1] По напуштањето на службата во МВР започнува да работи како асистент на Европскиот универзитет во Скопје како асистент по предметите „Обука во стрелање со лично оружје“, „Разрешување на конфликти“, „Детективска тактика во летни услови“ и „Обука во стрелање со лично оружје-2.“[4][5] Потоа е избран за доцент на МИТ Универзитетот. Од 2009 до 2011 година е асистент по предметите разрешување на конфликти и обука во стрелање, како и наставник под менторство по предметот детективска тактика во летни услови, на Европскиот универзитет во Скопје на Факултетот за детективи и криминалистика. Од 2011 до 2016 работи на МИТ Универзитет каде се стекнал со звањето доцент во февруари 2013. Потоа е избран за доцент на Воената академија на катедрата по безбедност. Само неколку месеци по овој избор академската работа ја става во мирување поради тоа што е избран за министер за внатрешни работи.[2] Од април месец до август 2017 година ја извршува функцијата директор на ЈП Јасен. Во август 2018 година избран е за вонреден професор на Воената академија "Генерал Михаило Апостолски".[1] Политичка кариераОливер Андонов станува член на ВМРО-ДПМНЕ во 1996 година во Општинскиот Комитет Куманово од каде ги започнал своите политички активности. Во 2004 година преминува во ВМРО-Народна (на Љубчо Георгиевски) од каде, со текот на времето, многу луѓе преминале во ВМРО-ДПМНЕ.[2] Во периодот на политичката криза во 2015 и 2016 година Оливер Андонов бил еден од најгласните бранители на политиките на ВМРО-ДПМНЕ.[3][6] При расправата во Собранието (на 1 септември 2016) за предлогот на Владата Оливер Андонов да биде избран за министер на внатрешни работи тогашниот претседател Емил Димитриев вели:[7][8]
Истата вечер со 65 гласови Оливер Андонов е изгласан за нов министер за внатрешни работи.[9] Функцијата Министер за внатрешни работи ја извршувал еден ден, бидејќи веќе од 2ри септември 2016тата година започнала да функционира Пржинската влада која имала за цел спроведување на изборите на 11 декември 2016. Во оваа Пржинска влада Оливер Андонов ја извршувал функцијата дополнителен заменски министер за внатрешни работи се до јануари 2017 година. Неколку дена пред настаните на 27 април 2017 (види: Упад во Собранието на Македонија) поставен е за директор на ЈП „Јасен.“[10][11] Според изворите назначувањето е извршено еден ден откако огласот е објавен:[11][12][13]
Еден ден пред Упадот во Собранието, на 27 април 2017 во однос на пишувањата по медиумите дека резерватот Јасен ќе биде местото од каде ќе се командува по прогласувањето на воената состојба за Радио Слободна Македонија Андонов вели:[14][15]
Улогата во признавањето на МПЦ од страна на СПЦОливер Андонов претставува еден од најдобрите познавачи на црковните прашања. Ова свое познавање за прв пат македонската јавност има можност да го увиди во емисијата Late Night Show на новинарот Миленко Неделковски. Во ова телевизиско гостување Оливер Андонов ги соочува своите аргументи со српските колеги Александар Раковиќ и професорот Мишина[17]. Подоцна во текот на 2022 година Оливер Андонов имал важна улога во целиот процес кој кулминираше со признавање на МПЦ од страна на СПЦ во текот на мај 2022 година, за што потврда во телевизиско гостување на овие информации даде и Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар[18] Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia