Томислав Чокревски
Томислав Чокревски (11 декември 1934—5 декември 2017) — македонски универзитетски професор, социолог и државник. ЖивотописЧокревски е роден во Битола на 11 декември 1934 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје[1] во 1958 година. Магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1967, а докторирал на Правниот факултет во Скопје, на тема „Социјалната природа и функција на големите организации и развитокот на социјалистичката демократија“ во 1976 година. На Правниот факултет во Скопје бил избран за предавач по предметот социологија во 1968, за виш предавач во 1972, за вонреден во 1977 и за редовен професор во 1982 година. Бил уредник на списанието „Погледи“ во 1964 година и републички секретар за образование, наука и култура од 1967 до 1971 година[2]. Бил декан на Правниот факултет во Скопје во 1991 и 1992, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (1992/93 - 1993/94) и министер за внатрешни работи во Владата на Бранко Црвенковски од 1995 до 1998 година. БиблиографијаОбјавил поголем број монографски дела и учебници од областите на социолошките и политичките науки. Основната идеја што ја следи во социологијата е функцијата на големите организации во демократијата.
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia