Описна статистикаСтатистиката има две гранки: описна статистика и дедуктивна статистика.
Описна статистика претставува наука за собирање, организирање, анализирање, резимирање, илустрирање на податоци или резултати. Дедуктивна статистика претставува наука за доведување заклучоци и предвидувања врз основа на податоци или резултати. За правилно да се работи со дедуктивна статистика потребно е добро познавање на описна статистика.
Основни дефиницииПопулацијаВо математичка статистика, множеството од еднородни објекти или резултати од некоја случка, кои имаат некоја заедничка одлика, се нарекува популација. Големината на популација, т.е. бројот на неговите членови се означува со N (голема буква).
ПримерокДел од популација се вика примерок1, односно примерок е подмножество на една популација. Примероци се користат во дедуктивна статистика. Големината на примерок, т.е. бројот на неговите членови се означува со n (мала буква)2. ОбележјеЗаедничката одлика што се набљудува на елементите од популацијата се нарекува обележје. Обележје може да биде:
Податок, исход и настанПоединечен резултат, т.е. запишувањето на „вредноста“ на обележјето на поединечен член на популацијата (или примерок) се нарекуваат податок или исход.
ПодатоциЗбирка на сите податоци од целата популација за едно обележје се нарекува податоци или множество на податоци. Важно: Можните исходи се сите различни, но поединечни податоци во множеството на податоци можат да се повтораат. Големина на податоциГолемина на податоци е бројот на податоци во множеството на податоците. Бидејќи работиме само со популации во описната статистика, големината на податоците е бројот на членови на популацијата, т.е. големина на податоци = N (голема буква). Категорија, класи и интервалиДоколку се прави групирање на податоци (види глава Г), истите се групираат во категории. Категории можат да бидат класи (т.е. самите можни исходи од обележјето) или последователни бројни интервали.
ЧестотаДоколку се прави групирање на податоци, честота f е број на податоците во секоја категорија. Значи имаме толку честоти колку што имаме категории. Збирот на сите честоти треба да биде големината на податоците, т.е. Σf=N. Табела со честоти се вика честотна табела. Мерки и статистикиМерка, параметарМерка е вредност пресметана од податоците на една популација со одредени особини. Пример: Аритметичка средина μ. Се користи и зборот параметар. СтатистикаСтатистика е вредност пресметана од податоците на еден примерок со одредени особини. Пример: Аритметичка средина x̅ (на примерок). Се користи и зборот статистички податок.
2Во описната статистика, треба да се користи буквата k за бројот на категории (класи, интервали) при групирање на податоци. ЛитератураДруги референции
|
Portal di Ensiklopedia Dunia