Описна статистика - Собирање податоциСобирање податоциСлучкаВо описна статистика се собираат податоци од „случка“. ЗаписСлучка се нарекува запис ако податоците се собрани од постојани записи од некој минат настан. АнкетаАнкета е случка каде што се собираат податоци директно од популацијата. Обележјето може да биде „мислења“. Податоците собрани во анкета можат да се сметат како од цела популација (описна статистика) или како од примерок од популацијата (дедуктивна статистика). ЕкспериментЕксперимент е случка чии податоците се исходи од повторувања на еден ист опит. (Опит е „поединечен експеримент“ кој може да се повторува под истите услови безброј пати во реално време.)
Пример 1: Даден е извештајот: Уплата на студенти од 5-ти семестар, септември 2009 (види Табела 1). Да се направи табела со податоци со исплатените суми и да се одреди типот на случката, обележјето, множеството на можни и актуелни исходи, пример податок и големината на податоците.
Табела 1 : Извештај во архива Решение: Од овој извештај ги вадиме податоците кои ни требат (види Табела 2 ).
Табела 2 : Податоците од запис со уплатени суми Ова е запис и имаме: Обележје: износ на уплатата во денари Можни исходи во општо: A≥0 Можни исходи во податоците: {6154, 7385, 15385, 18463} Пример податок: (6154) Големина на податоците: N=14
Пример 2: Добиена вредност при фрлање на коцка 100 пати, т.е. една коцка се фрла 100 пати и исходите се запишани во табела (види Табела 3). Да се одреди типот на случката, обележјето, множеството на можни и реални исходи и големината на податоците.
Табела 3 : Податоци од еден експеримент „фрлање коцка 100 пати“ Решение: Ова е експеримент (опитот кој се повторува во експериментот е фрлање на коцка и пишување на вредноста на фрлената коцка) и имаме: Обележје: Вредност на фрлена коцка Можни исходи во општо: хє{1,2,3,4,5,6} Можни исходи во податоците: хє{1,2,3,4,5,6} (сите можни исходи се појавиле барем еднаш) Пример исход: (5) Големина на податоците: N=100.
Пример 3: Во Табела 4 се дадени одговорите на писмено анкетно прашање „Дали го сакате филмот Хобит?“ поставено на 30 луѓе. Да се одреди типот на случката, обележјето, множеството на можни и реални исходи и големината на податоците.
Табела 4 : Податоци собрани од една анкета – со пополнување на ливче Решение: Ова е анкета и имаме: Обележје: Одговор на анкетно прашање Можни исходи: {Д=да, Н=не, НК=немам коментар, НЗ=не знам} Пример податок:(НК) Податоци:Табела со одговори (види Табела 4, Табела 5 или Табела 6) Големина на податоците: N=30. Да се потсетиме дека тука работиме само описна статистика, т.е. ги сметаме овие 30 луѓе за популација, т.е. не планираме да донесеме никакви заклучоци од оваа анкета врз мислењето на пошироката јавност.
Пример 4: Во Табела 5 се дадени одговорите на усно анкетно прашање „Дали го сакате филмот Хобит?“ поставено на 30 луѓе. Податоците да се резимираат во честотна табела, во релативна честотна табела и истите да се претставуваат со столбест дијаграм и секторски дијаграм.
Табела 5 : Податоци собрани од усна анкета Забележете дека додадовме уште еден ред за да провериме дека сумата Σ на испитаните е во ред. Ние секогаш ќе го практикуваме ова (особено кога користиме технологија)! Подолу во наредните глави, детално ќе објасниме што е честотна и релативна честотна табела. Меѓутоа, видете дали можете да го разбирате ова готово решение. Проценти: Да се потсетите дека знакот „%“ е скратеница за 1/100, т.е. 1⁄100 така да 100%= 100∙1⁄100=1. Решение:
За столбест дијаграм на честотна табела каде што класите се самите можни исходи истите се пишат по хоризонталната оска, а честотите по вертикалната оска (види подолу лево). За секторски дијаграм се цртаат сектори на кругот со соодветниот процент (види подолу десно).
ЛитератураДруги референции |
Portal di Ensiklopedia Dunia