Општина Кобарид
Општина Кобарид (словенечки: Občina Kobarid) — општина во западна Словенија крај границата со Италија. Сместена е во долината на реката Соча. Областа е дел од историскиот регион Приморска. Денес е дел од Горичкиот статистички регион. Во 2020 г. населението броело 4.052 жители.[1] Седиште е гратчето Кобарид.[2] Создадена е на 3 октомври 1994 г. кога тогаш големата Општина Толмин е поделена на три општини: Бовец, Кобарид и Толмин.[3] Населени местаПокрај општинското седиште Кобарид, општината ги опфаќа и следните населени места: ИсторијаПодрачјето е населено уште во праисторијата, а пронајдени се предмети и од халштатскиот период. Во VI век тука се доселиле словенски племиња, предците на денешните Словенци. Во средниот век Кобарид и околината прво биле под влласта на Патријаршиското Кнежевство Аквилеја (Фурланската патријаршија), а подоцна под Грофовијата Толмин, за во XV век да бидат преземени од Хабсбуршката Монархија како и највеќето други словенечки територии. Со исклучок на краток период од 1809 до 1813 г. под наполеонското Кралство Италија, крајот останал под австриска власт сè до 1918 г. Во средината на XIX век Кобарид станал важен центар на словенечката национална преродба. За време на Првата светска во овој крај се одвивале Битките на Соча помеѓу Италија и Австроунгарија. По војната, подрачјето е окупирано од италијанската војска и во 1920 г. станало дел од Италија со областа Јулиска Краина. Помеѓу 1922 и 1943 г. населението, кое било исклучиво словенечко, било подложено на насилна италијанизација. Многу од мештаните се преселиле во соседното Кралство Југославија. За бурното минато сведочат неколку италијански воени споменици. Веднаш по капитулацијата на Италија во септември 1943 г. партизаните кренале востание и прогласиле Кобаридска Република на територија од 2.500 км2 под управа на Ослободителниот фронт на Словенија. На почетокот на ноември 1943 г. Германците ги истиснале партизаните и зазеле крајот, држејќи го под нивна контрола до мај 1945 г. со доаѓањето на Југословенската народна армија. Во септември 1947 г. одржани се Парискиот мировен договор со кои ова подрачје ѝ е доделено на Југославија. Неколку стотици жители, особено од Брегињ, се преселиле во Италија за да го избегнат комунистичкиот режим. Со распадот на СФРЈ во 1991 г. општината станала дел од независна Словенија. Познати личности
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia