Орашачки даб
Орашачки даб — даб од видот на благуни (науч. Quercus pubescens Wild-Lanunginosa thuill) којшто се наоѓа во дворот на црквата „Св. Илија“ во кумановското село Орашац. Со закон е заштитен како споменик на природата од 1967 година.[1][2] МестоположбаДабот се наоѓа надвор од селото Орашац, но во неговиот атар. Тој е веднаш во непосредна близина на селската црква „Св. Илија“ и до него се стигнува преку земјен пат, кој се исклучува од регионалниот пат Куманово-Свети Николе, така што наместо десно по асфалтниот пат за селото Орашац, ќе се исклучите лево. Природни особености и околинаСтеблото е високо преку 20 метри, со преку обем од 6 метри, и распон на гранки од преку 20 метри. Подрачјето каде се наоѓа овој даб, заедно со други дабови, се наоѓа на надморска височина од 325 метри, на површина од 0,1 километар квадратен и е заштитено уште од 1967 година. Припаѓа на континенталниот биогеографски регион. Дабовото стебло се одликува со значајни хабитатни карактеристики и добра физиолошка состојба.[3] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia