Осамениот велосипедист
„Осамениот велосипедист“ или „Авантурата на осамениот велосипедист“ (англиски: The Adventure of the Solitary Cyclist) е една од 56 раскази за Шерлок Холмс напишани од Сер Артур Конан Дојл. „Осамениот велосипедист“ е едне од 13 раскази од кои е составена книгата „Враќањето на Шерлок Холмс“. СижеПриказната започнува со посетата на госпоѓица Вајолет Смит на Шерлок Холмс. Таа го посетува со цел расветлување на невообичаени случки во нејзиниот живот, и во животот на нејзината мајка. Скоро пред посетата на Шерлок Холмс, таткото на г-ца Смит починал и ги оставил неговите мајка и ќерка во сиромашна позиција. По некое време во весникот се појавила објава, со која одредени лица се распрашувале за двете дами. Дамите одговориле на објавата и ги сретнале г. Каратерс и г. Вудли. Тие пристигнале од Јужна Африка, каде го познавале нејзиниот чичко Ралф Смит, кој исто така умрел во сиромаштија и сакал да дознае дали неговото пошироко семејство е во добра состојба. Ова било доста чудно за г-ца Смит бидејќи не слушнала за нејзиниот чичко долг период. Двајцата странци додале, дека пред да умре нејзиниот чичко дознал дека умрел неговиот брат и се почувствувал одговорен за добротата на остатокот од семејството. Неочекуваните околности во кои се нашле г-ца и г-ѓа Смит ја развиваат мистеријата на оваа ра.[1]
Наводи![]() Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia