Танцувачите
„Танцувачите“ или „Авантурата на танцувачите“ е една од 56 раскази за Шерлок Холмс напишана од шкотскиот писател Сер Артур Конан Дојл. „Танцувачите“ е еден од 13 раскази што ја сочинуваат книгата „Враќањето на Шерлок Холмс“. Според Конан Дојл овој расказ е трета негов најомилен расказ. СижеПриказната започнува со посетата на г. Хилтон Кјубит на Шерлок Холмс, кој му дава парче хартија со мистериозни цртежи на човечиња. ![]() Малите танцувачи се центарот на мистеријата околу која се развива приказната и тие се скриени пораки кои ја насочуваат жената на г. Хилтон, Елси, кон целта. Тој се оженил со неа пред една година од појавувањето на мистериозните пораки. Пред свадбата Елси го замолува својот маж да не ја прашува за нејзиното минато. Според неа нејзиното минато е поврзано со непријатни личности, но ништо од тоа не било застрамувачки. Г. Хилтон се заколнал дека нема да ја прашува за нејзиното минато. Неговите сомнежи кон својата жена се појавуваат со појавувањето на мистериозните пораки...[1]
Наводи![]() Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia