Осигурување
![]() Осигурување е еден облик на управување со ризик, првенствено насочен кон намалување на финасиските губитоци. Осигурувањето е пренос на ризикот од осигуреникот врз осигурително друштво, со плаќање на премија за осигурување. Основна логика на осигурувањетоОсновна идеја која лежи зад Осигурувањето е поврзување на ризикот на повеќе осигуреници во еден фонд, така законот на веројатност т.е. законот на големите броеви обезбеди да само релативно мал број на неповолни настани навистина се оствари во една година. Со тоа, трошокот на тој мал број на настани може да биде лесно поднесен од страна на голем број на осигуреници. На пример, поединци знаат дека ризикот од пожар во нивниот дом е мал, но се плашат од истото зошто последиците би биле многу неповолни; затоа спремни се да платат осигурување против пожар; Осигурителните друштва примаат иплати на премии зошто знаат, врз основа на статистика, дека кај голем број на осигуреници ќе се случат мал број на пожари; поради таквиот низок ризик и осигурителната премија за пожари обично е ниска. Осигурувањето, избегнувањето, ублажувањето и преносот на ризик, ја намалуваат неизвесноста кај поединци или организации. Со осигурувањето се овозможува интелигентно управување со ризикот, со постигнување на стабилност и развој. Историја на осигурувањетоВо кодот на Хамураби напишан околу 1754 година п.н.е. стои дека доколку трговец е нападнат на територијата на Вавлион, власта ќе се погрижи да му ги надомести трошоците. Тоа и претставува основата на осигурувањето – надоместок на штета. Начелата од кодот на Хамураби се развиле и распространиле во антиката. Така настанале осигурителните заедниците во Грција околу 800 п.н.е. Тие врз заемна основа ги надоместувале загубите што настанувале при превоз на море. Секој член на заедниците вложувал одредена сума можел да бара оштета доколку се случи штета. Надградба на овие заедници биле бродските заедници во Персискиот Залив. Тие му набавувале нов брод на сопственикот чиј брод ќе потонел. Пресвртница е комерцијалното осигурување т.е. формирањето на специјализирани компании коишто заработуваат при осигурувањето. Првата комерцијална компанија е основана во Бриж, Белгија. Најпрво мала белгиска банка нудела осигурување на добра. Банката потоа во 1310 година се трансформира и станува првата осигурителна компанија. Првите самостојни договори во осигурувањето настанале во почетокот на XIV век во Џенова, Италија. Со појавата на овие договори, првпат ѝ е дадена јасна и недвосмислена правна форма на економската содржина на осигурувањето. Ова дало силен поттик тоа да стане значајна важна стопанска дејност. За да ја намалат опасноста на која се изложени, подучени од искуството, соптвеницие на бродови земале осигурување. Во ова осигурување влегувал само еден мал дел од вредноста на одредената стока. Тие истовремено земале во осигурување и дел од вредноста на други стоки во други бродови кои пловеле по различни мориња. На тој начин се овозможувало обезбедување во случај да пропадне едниот брод или стока, да ги компензираат своите загуби со големите заработувачки. Ова претставувало прво свесно организирање на ризичните заедници меѓу лица изложени на лични опасности на разни места и во различно време од страна на едно лице. Во 1575 Британскиот парламент ја основал комората за осигурување – Chamber of Insurance. Многу важен настан за развојот на осигурувањето е пожарот во лондон во 1666та година кој поттикнал да се основаат мноштво осигурителни компании. Од тука почнуваат и зачетоците на познатата Лојд од Лондон.[1] Во текот на 19 век со развојот на статистиката и актуарската математика доаѓа до огромен развој на осигурувањето. Ова доведува до воведување на нова законска регулатива, пензиски систем како и развој на Реосигурување. Реосигурувањето[2] претставува предавање на ризикот од страна на осигурителната компанија на друга компанија на комерцијална основа. Видови осигурувањеОсновни видовиСпоред светската пракса во осигурувањето, а и македонското законодавство, Осигурувањата се делат грубо на 2 вида:
Класи на осигурување![]() Сите видови на осигурување според македонското законодавство официјално се поделени во 23 класи (чл. 5 од Законот за Супервизија на Осигурувања - 27/2002), и тоа:[3]
Осигурувањето во МакедонијаПравна рамкаЦелиот систем на осигурување во Македонија правно е заснован врз Законот за супервизија на осигурувањето, како и други поединечни закони, подзаконски акти и имплементација на легислативата на ЕУ од областа на осигурувањето.[4] Договорот за осигурување е договор во кој договарачот на осигурувањето се обврзува врз начелата на заемност и солидарност да здружува определен паричен износ во друштвото за осигурување (осигурувач), а друштвото се обврзува, ако дојде до настан што претставува осигуран случај, да му го исплати на осигуреникот или на некое трето лице надоместокот, односно договорената сума.[5] Контрола на државата и регулирање на пазаротГлавна регулаторна државна институција која го контролира целокупниот пазар на осигурување во Македонија е Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).[6] Агенцијата за супервизија на осигурување е основана како независно регулативно тело со надлежности и овластувања да се грижи за законско и ефикасно функционирање на пазарот на осигурување, со цел заштита на правата на осигурениците и корисниците на осигурителните услуги. Законските надлежности на Агенцијата се однесуваат на:
Осигурителни друштва во МакедонијаСпоред македонското законодавство, осигурителните компании се строго поделени на оние коишто работат со животно и оние коишто работат со неживотно осигурување. Притоа, компанијата која работи со животно нема право да работи со неживотно осигурување - и обратно.
Друштва за животно осигурувањеЗаклучно со јануари 2019, постојат пет друштва со лиценца за животно осигурување:[8]
Во 2015 година, на осигурителниот пазар во Македонија работеле четири друштва за осигурување на животот.[7] Друштва за неживотно осигурувањеВо 2019 година, друштва имале лиценца за неживотно осигурување:[7][8]
Осигурување на живототВо 2016 година поголем замав започнало да зема осигурувањето на животот кога инвестицискиот ризик паѓа на товар на осигуреникот, познато како unit-linked осигурување. Во Македонија, овој вид животно осигурување за првпат се појавило кон крајот на 2015 година, кога биле склучени 325 договори со вкупна премија од полиси во износ од 7,71 милион денари, а веќе во 2016 година биле склучени 1.466 договори со брупо-премија од полиси во износ од 57,46 милиони денари. Овој тип осигурување претставува еден вид долгорочно штедење, каде парите на осигуреникот се инвестираат во разни хартии од вредност, но ризикот останува на товар на осигуреникот.[12] Здравствено осигурувањеВо 2013 година, друштвата за осигурување започнале да нудат нова услуга - доброволно здравствено осигурување, кое сè уште има скромно значење на македонскиот пазар на осигурителни услуги. Така, во 2016 година биле склучени 1.300 договори за здравствено осигурување, а бруто-приходот од премии за осигурување изнесувал 45,22 милиони денари. една година претходно биле склучени само 368 договори, со бруто премии од полиси во износ од 6,37 милиони денари.[13] БанкоосигурувањеНа 29 октомври 2012 година, за првпат една македонска банка (Охридска банка) добила дозвола да врши застапување во осигурувањето. Оттогаш, уште две други банки станале дистрибутивен канал за продажба на осигурителни полиси, нудејќи банкоосигурување. Тоа е спој на кредит и ризико осигурување на животот, каде во случај на смрт на корисникот на осигурувањето, осигурителната полиса се винкулира во корист на банката. Притоа, ако корисникот на кредитот умре или се соочи со траен инвалидитет пред рокот на враќањето на кредитот, тогаш друштвото за осигурување го исплаќа останатиот дел од кредитот. Во 2013 година, банките продале вакви полиси во вредност од три милиони денари, во 2014 година тој износ пораснал на 11,8 милиони, во 2015 година достигнал 39,4 милиони, а веќе во 2016 година изнесувал 122,15 милиони денари.[12] Остварувања во осигурителниот сектор во МакедонијаВо 2014 година, осигурителните друштва во Македонија оствариле бруто-премија од продажба на полиси во износ од 7.629.423.000 денари, од кои 88,36% или 6.741.094.000 денари биле во секторот на неживотно осигурување, а 888.329.000 денари во животното осигурување. Притоа, најголем износ на наплатени премии имало друштвото „Триглав“ - 1.144.928.000 денари (пазарно учество од 16,98%), а потоа следувале: „Македонија“ со 867.763.000 денари и „Винер“ со 703.263.000 денари. Инаку, најголем дел од премиите за неживотно осигурување отпаѓал на задолжителното осигурување на автомобилите (3.542.856.000 денари), по што следувало осигурувањето на имотот (917.290.000 денари), каско-осигурувањето на автомобилите (690.130.000 денари), осигурувањето од незгода (580.807.000 денари) и осигурувањето на имотот од пожари и други незгоди (460.685.000 денари). Во структурата на каналите на продажба, најголем дел зафаќала директната продажба преку друштвата за осигурување (48,82%), потоа следела продажбата преку осигурително-брокерски друштва (22,77%), на продажбата преку агенти (застапници) отпаѓале 14,5%, продажбата преку друштва за застапување во осигурувањето опфаќала 10,71%, а другите дистрибутивни канале учествувале со 3,2%.[7][14]
Во 2016 година, осигурителниот сектор во Македонија остварил приход од продажба на полиси за осигурување во износ од 8,72 милијарди денари, што претставувало пораст од 5,34% во споредба со 2015 година, кога приходот од премиите изнесувал 8,28 милијарди денари. Притоа, во неживотното осигурување, приходот од премии изнесувал 7,43 милијарди (7,18 милијарди во 2015), а кај осигурувањето на живот бил остварен приход од премии во износ од 1,29 милијарди (1,10 во 2015). Во текот на 2016 година, осигурителните друштва склучиле 1.292.748 договори за осигурување, т.е. пораст од 7,74% во споредба со 2015 година, кога биле склучени 1.199.860 договори. Истата година, вкупниот капитал на друштвата за осигурување изнесувал 5,54 милијарди денари, а маргината на солвентност изнесувала 1,34 милијарди денари (1,11 милијарди кај неживотното и 223 милиони денари кај животното осигурување), со што капиталот на осигурителните друштва бил 4,13 пати поголем од маргината на солвентност.[15] Од гледна точка на видовите производи, најзначајна категорија била задолжителното осигурување од автоодговорност, со остварена премија од полиси во износ од 3,86 милијарди денари (учество од 44,22% во вкупниот приход од продадени полиси), а потоа следувале: осигурувањето на имот (1, 55 милијарди денари или учество од 17,83%), доброволното осигурување на патничките возила (8,7%), осигурувањето од незгода (7,63%) итн. Трета најголема класа осигурување, со учество од околу 15% во вкупниот приход од полиси било осигурувањето на животот. Во оваа класа, најголем дел заземало традиционалното осигурување на животот (73,82%), потоа следувало осигурувањето на животот во случај на доживување (8,27%), ризико-осигурувањето (5,56%), осигурувањето на животот кога инвестицискиот ризик е на товар на осигуреникот, т.е. unit-linked (4,45%) и дополнителното осигурување на животот (7,89%).[16] Во 2017 година е остварена бруто полисирана премија (во понатамошниот текст: „БПП”) во вкупен износ од 8,99 милијарди денари, што претставува раст од 3,10% во однос на БПП остварена во 2016 година (2016: 8,72 милијарди денари). Во делот за неживотно осигурување е остварена БПП во износ од 7,55 милијарди денари (2016: 7,43 милијарди денари), односно раст од 1,56% во споредба со 2016 година. Кај осигурувањето на живот e остварена БПП во износ од 1,44 милијарди денари (2016: 1,29 милијарди денари), што претставува раст од 11,95% во однос на 2016 година.[17] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia