Остерхолц-Шармбек
Остерхолц-Шармбек (германски: Osterholz-Scharmbeck; долногермански: Oosterholt-Scharmbeek) — град во округот Остерхолц, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Претставува административно седиште на округот Остерхолц. Градот се наоѓа помеѓу градовите Бремен и Бремерхафен. Тој е единствен град во округот Остерхолц. Настанал во 1927 година со спојување на дотогашните општини Остерхолц и Шармбек. Две години подоцна добил градски права. ГеографијаМестоположбаОстерхолц-Шармбек се наоѓа во Северногерманската Низина, околу 22 километри североисточно од Бремен, во близина на реката Хаме, со кој градот е поврзан со Остерхолцер Хафенканал. Преку каналот Хаме-Осте денес постои пловна врска со Елба. Источно од градот се протега мочуриштето Тојферлсмор. Градски единициГрадот Остерхолц-Шармбек се состои од градско јадро и девет градски единици:
Други места, кои немаат административна структура, се следниве:
ИсторијаМестото било првпат споменато во 1043 година како Скирнбеки (Scirnbeci). Од 1180 година, Шармбек припаѓал на Архиепископијата Бремен. Манастирот во Остерхолц бил основан во 1182 година и постоел до 1650 година, кога Долна Саксонија станал главно протестантска. Во 1648 година, Архиепископијата станала Војводство Бремен, кое најпрвин било владеено во личен сојуз од Швеѓаните, а од 1715 година од Хановерската династија. Во 1823 година, Војводството било укинато и територијата станала дел од областа Штаде во рамки на Кралството Хановер. Во 1927 година, двете општини Остерхолц и Шармбек биле споени во една, а во 1929 година општината ги добила градските права. Помеѓу 1978 и 1992 година, 4.200 војници на американската војска биле сместени тука, како и околу 4.000 членови на нивните семејства. Население
ПолитикаГрадски советГрадскиот совет се состои од 38 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 30.001 и 40.000 жители.[3] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години. На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:
*2006 како WASG ГрадоначалникГрадоначалник на градот Остерхолц-Шармбек е Торстен Роде (независен).[4] Збратимени градовиОстерхолц-Шармбек е збратимен со следниве градови: Од јануари 2021 година градот е член на меѓународната организација Градоначалници за мир.[5] Познати луѓе
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia