Шваневеде
Шваневеде (германски: Schwanewede) — општина во округот Остерхолц, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 14 километри западно од окружниот град Остерхолц-Шармбек и 22 километри северозападно од градот Бремен. ГеографијаСоседни местаШваневеде се граничи на запад со реката Везер (западно од нејзе е округот Везермарш), на север е општината Хаген им Бремишен (со местата Зандштет, Утледе и Вулсбител, во округот Куксхафен), на исток е градот Остерхолц-Шармбек и општината Ритерхуде (обете во округот Остерхолц), додека на југ е градот Бремен (со местата Блументал, Фегезак и Бурглезум). Општински единициОпштината Шваневеде, покрај од истоименото главно место со 9.932 жители, се состои од уште единаесет други места (состојба 30 јуни 2007 г.), кои некогаш се поделени на други делови:
Со општинската реформа во 1974 година, островот во Везер, Харирсанд припаѓа на општината Шваневеде. Тој е еден од најдолгите речни острови во Европа и има песочна плажа. Места на ШваневедеГлавното место се состои од следниве единици: Бринк, Драјенкамп, Флахсберг, Хамфер, Хиенштајн, Керкхоп, Клипенај, Келхорст, Копелсберг, Крајенмор, Лангенберг, Лемхорст, Метјензанде, Рајтберг, Шукамп, Зитландсвер, Трентхепен, Форберг и Фосхал. ИсторијаКонцентрацискиот камп Фарге се наоѓал во местото Нојенкирхен. НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia