ПУ „Славко Лумбарковски“ - Рапеш

Славко Лумбарковски
Поглед на подрачното основно училиште „Славко Лумбарковски“
Поглед на подрачното основно училиште „Славко Лумбарковски“
Поглед на подрачното основно училиште „Славко Лумбарковски“
Место
Општина: Општина Новаци
Наречено по: Славко Лумбарковски
Нас. место: Рапеш
Адреса: с. Рапеш
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1937; пред 88 години (1937)
Број на ученици: 3 (2021/2022)
Настава на: македонски
Контактни информации


Основно училиште „Славко Лумбарковски“ (официјално: Подрачно основно училиште „Славко Лумбарковски“ - Рапеш; скратено: ПОУ „Славко Лумбарковски“) — подрачно основно училиште во селото Рапеш, составен дел на истоименото училиште во селото Новаци, Општина Новаци.[1]

Училиштето е именувано по македонскиот народен борец Славко Лумбарковски.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во средишниот дел од селото, непосредно од десната страна на патот кој води од Маково.

Објект

Објектот на училиштето бил изграден во 1937 година и зафаќа површина од 120 м2.[2]

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.[3] Наставата се изведува во една смена.[2]

Галерија

Наводи

  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-14.
  2. 2,0 2,1 Годишна програма за работа на ООУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци за учебната 2021/2022 година“. стр. 10.
  3. Годишна програма за работа на ООУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци за учебната 2021/2022 година“. стр. 7.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya