ОУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци

Славко Лумбарковски
Поглед на централното основно училиште „Славко Лумбарковски“
Поглед на централното основно училиште „Славко Лумбарковски“
Поглед на централното основно училиште „Славко Лумбарковски“
Место
Општина: Општина Новаци
Наречено по: Славко Лумбарковски
Нас. место: Новаци
Адреса: с. Новаци
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1933; пред 92 години (1933)
Број на ученици: 154 (2021/2022)
Настава на: македонски
Контактни информации


Основно училиште „Славко Лумбарковски“ (официјално: Општинско основно училиште „Славко Лумбарковски“ - Новаци; скратено: ООУ „Славко Лумбарковски“) — централно основно училиште во битолското село Новаци, Општина Новаци.[1]

Училиштето е именувано по македонскиот народен борец Славко Лумбарковски.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во западниот дел од селото, во непосредна близина на црквата „Св. Атанасиј“.

Објект

Стариот објект на училиштето бил изграден во 1933 година, додека новиот објект во 1993 година. Новиот објект е на два ката и зафаќа површина од 900 м2.[2]

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.[3] Наставата се изведува во една смена.[2]

Подрачни училишта

Во склоп на училиштето се следните подрачни училишта:

Од нив, единствено во подрачното училиште во Бач се одвива настава од прво до деветто одделение, додека во останатите настава од прво до петто одделение.[3]

Галерија

Наводи

  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-14.
  2. 2,0 2,1 Годишна програма за работа на ООУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци за учебната 2021/2022 година“. стр. 8.
  3. 3,0 3,1 Годишна програма за работа на ООУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци за учебната 2021/2022 година“. стр. 7.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya