ПУ „Страшо Пинџур“ - Жиганци
Основно училиште „Страшо Пинџур“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Страшо Пинџур“ - Жиганци; скратено: ПООУ „Страшо Пинџур“) — поранешно подрачно основно училиште во кочанското село Жиганци, кое било во состав на истоименото училиште од селото Соколарци, Општина Чешиново-Облешево.[1] Училиштето било именувано по македонскиот партизан Страшо Пинџур. МестоположбаУчилиштето се наоѓа во селото Жиганци. ИсторијаУчилиштето било изградено во 1960 година. Бидејќи училиштето е ставено во мирување, учениците од Жиганци наставата ја посетуваат Соколарци.[2] УсловиУчилиштето располага со 2 училници и 1 наставничка кацеларија, како и спортски терен за реализација на наставата по физичко и здравствено образование. Училиштето е моментално затворено и се наоѓа во лоша состојба. НаставаВо училиштето наставата се изведувала на македонски наставен јазик. Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia