Пабло Ластрас
Пабло Ластрас Гарсија (шпански: Pablo Lastras García; р. 20 јануари 1976 во Мадрид) — поранешен шпански професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 1998-2015 година, возејќи за UCI World Tour екипата Мовистар Тим.[1] Ластрас освоил етапа на Тур де Франс 2003 и уште две етапи на Вуелта а Еспања 2002. Во 2005 ја освоил осмата етапа на Тур де Свис. Исто така ја освоил трката Вуелта а Бургос во 2003. Во 2007, екипата Кес д’Епарњ објавила дека ќе го отпушти, но по етапната победа на Енеко Тур неговиот договор бил обновен за уште една година. Ластрас имал успеси на генералните пласмани на Вуелта а Андалусија и второто место на етапа од Џиро д’Италија. Во 2011, Ластрас ја освоил третата етапа на Вуелта а Еспања. По 18 години како професионален, во октомври 2015 година, Ластрас објавил дека се повлекува од трки откако не успеал да се опорави од повредите на карлицата здобиени при пад на Волта а Каталуња во март истата година. Настапил на вкупно 17 големи трки и 29 класици.[2][3] Достигнувања
Распоред на резултатите на Гранд Тур
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia