Павле Богоевски

Павле Богоевски
Пратеник во македонското Собрание
На должноста
30 декември 2016 – во служба
Лични податоци
Роден(а) 14 февруари 1986(1986-02-14)(39 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Народност Македонец
Установа Факултет за безбедност
Занимање пратеник, граѓански активист
Познат(а) по Шарена револуција

Павле Богоевски (14 февруари 1986, Скопје) — македонски граѓански активист и независен пратеник во деветтиот состав на Собранието на Република Македонија. Дипломирал на факултетот за безбедност при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.[1] На парламентарните избори во 2016 Богоевски станал пратеник како петти носител на пратеничката список на СДСМ во првата изборна единица, каде партијата освоила 10 пратенички мандати.[2] Богоевски претходно работел како асистент на факултетот за безбедност во Скопје и ментор во полициската академија, а потоа и во ЛГБТ центарот за поддршка при Хелсиншкиот комитет за човекови права.[3]

Богоевски бил еден од предводниците на протестното движење „Шарена револуција“ кое барало поништување на аболициите кои претседателот Ѓорге Иванов во 2016 ги дал на 56 лица опфатени во истрагите на Специјалното јавно обвинителство. Богоевски бил обвинет за фрлање боја врз фасадата на министерството за култура за време на протестите од 18 април, но судските рочишта повеќепати се одлагале бидејќи обвинителството не пресметало колкава материјална штета била предизвикана.[4]

Во мај 2019 година била објавена аудио снимка на vkontakte според која Богоевски наводно нарачува наркотична дрога. Во јуни Богоевски службено си поднел оставка од функцијата пратеник.

Наводи

  1. „Биографија на Павле Богоевски“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2017-05-12.
  2. „ДИК ги објави резултатите од предвремените парламентарни избори“. Вест. 2016-12-13. Архивирано од изворникот на 2017-01-29. Посетено на 2017-02-10.
  3. „Павле Богоевски им држеше предавање на полицајци од МВР“. Фокус. 2016-07-13. Посетено на 2017-05-12.
  4. „Судењето на Павле Богоевски се претвора во политичка фарса“. Слободна Македонија. 2016-11-14. Посетено на 2017-05-12.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya