Палата на парламентот (циклус на Моне)Палата на парламентот (1900–1905) Клод Моне насликал циклус маслени слики од Вестминстерската палата, дом на британскиот парламент, есента 1899 година и раните месеци на 1900 и 1901 година за време на неговиот престојот во Лондон[1]. Сите биле насликани од ист поглед, од прозорецот на Моне или терасата во болницата Сент Томас со поглед на Темза со приближна големина на платната од 81 см × 92 см. по принципот на Руанската катедрала тие биле насликани во различни периоди од денот и временските услови. Во овој циклус, Моне се откажал од претходната практика на завршување на сликите на самото место пред мотивот. Тој продолжи да ги довршува сликите во Франција а Лондон добивал фотографии за да му помог во довршувањето. Ова предизвикало несакани реакции, но одговорот на Моне бил дека неговите средства за создавање на дело се негови сопствени деловни активности, а на гледачот останува да го оцени конечниот резултат. Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia