Аржантејскиот басен со една едрилица
Аржантејскиот басен со една едрилица — слика на есенски предел од басенот во Аржантеј во техника масло на платно. Францускиот импресионист Клод Моне ја насликал во 1874 година.[1] СоздавањеДелото е создадено за време на престојот на Моне во Аржантеј, град на брегот на Сена, на периферијата на Париз. Тука Моне купил чамец и го користел како пловечко ателје и насликал многу предели од околината.[1] Национална галерија на ИрскаСликата ја купил ирскиот драматург и активист Едвард Мартин во 1899 година, по совет на неговиот братучед Џорџ Мур. Сликата и била завештана на Националната галерија на Ирска во 1924 година.[2] Се проценува на 10 милиони евра.[3] Вандализам и реставрацијаОколу 11 часот на 29 јуни 2012 година, посетителот на галеријата, Ендрју Шенон, ја удрил сликата со тупаница предизвикувајќи „огромна штета, шокантна штета“ [4] со „обемно тространо кинење“.[5] По 18 месеци реставраторска работа, на 1 јули 2014 година, сликата била повторно изложена во галеријата, но овој пат зад заштитно стакло.[3] При реставрацијата била изгубена 7% од оштетената површина, во процес кој вклучувал повторно шиење со микроскопски конци.[4] За нападот Шенон бил осуден на 5 години затвор.[6] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia