Разбранувано море кај Етрета
Разбранувано море кај Етрета ― уметничка слика од 1883 година на еден од основачите на францускиот импресионизам, Клод Моне. Сликата сега е зачувана во Музејот на ликовни уметности во Лион. Сликата прикажува разбранувано море во зимски ден. Спилата во позадина е во Етрета, (Приморска Сена); Моне често престојувал во областа во текот на зимата 1864-1865 година и напишал: „Го поминувам времето на отворено на карпите кога времето е лошо [...] и секако работам цело време“. Моне ја составил сликата во февруари 1883 година од прозорецот на неговиот хотел.[1] Последователно, сликата ја купил парискиот препродавач Пол Диран-Руел, а потоа станал сопственост на Музејот на ликовни уметности во Лион во 1902 година. Музејот бил претходник во собирањето на импресионистички слики од почетокот на 20 век.[2] Сликата е составена од четири главни елементи, секој насликан на различен начин. Средишниот дел е навлезен од бисерно бели високи бранови насликани во облици на запирки. Во преден план, мала плажа на која лево има стари чамци полни со слама, и двајца рибари со нивните чамци во лоша состојба кои се насукале на брегот. Лево, во позадина, се гледа карпата кај Етрета, а карпестите слоеви се евоцирани со хоризонтални линии на четка. Конечно, на горниот дел од сликата е прикажано небото, насликано на начин што изразува завеса од дожд.[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia