Палатички манастир
Палатички манастир „Сите Светители“ (грчки: Ιερά Μονή Αγίων Πάντων) — манастир кај селото Палатица, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3] ГеографијаМанастирот се наоѓа јужно од Палатица и недалеку од Кутлеш.[1] ИсторијаВремето на основање на манастирот е непознато. Ктиторскиот натпис од 1837 г. гласи:
Во 1878 г. за време на грчкиот обид за востание против Македонците, во манастирот се засолниле многу од жителите на востанатите краишта. Сепак, тие биле убиени од турската војска, а на 15 март 1878 г. многу жени со своите деца се фрлиле од височината Галактеро. За време на Втората светска војна манастирот е запален. Останала само неговата црква. Подоцна е возобновен.[1] Во 1969 г. манастирската црква е прогласена за споменик на културата.[4] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia