Палатица (Берско)За селото во Тетовско, видете Палатица.
Палатица (Палатич или Блатанци; грчки: Παλατίτσια, Палатиција) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција. ![]() Географија и местоположбаСелото е оддалечено околу 14 километри југоисточно од градот Бер, на надморска височина од 110 метри, крај патот што води од Бер за Мелик и Катерина.[2] Селскиот атар зафаќа површина од 18 квадратни километри.[2] ИсторијаПалатица е постара грчка населба.[2] СтопанствоОсновни производи на оваа релативно голема населба се пченицата, тутунот, памукот и други земјоделски производи, а делумно во селото е развиено и сточарството, за кое постојат поволни услови со планински пасишта.[2] НаселениеВо 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Палатич (Палатица) живееле 150 Грци христијани.[2][3] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Палитач (Platitch) имало 145 жители.[2][4] Според документи на Цариградската патријаршија во 1906 година во Пилатица (Πηλατίτσα) имало 54 семејства Власи.[5] Во 1910 година во Палатица (Παλατίτσα) имало 550 жители.[6] Спирос Лукатос посочува „грчки јазик на жителите“.[7] На пописот во 1912 година, селото е забележано со грчки јазик и христијанска религија.[8] Со пописот од 1913 година селото било забележано со 277, во 1920 година со 390, а во 1928 година со 538 жители, од кои 51 семејство со 177 жители биле бегалци. Во 1940 година имало 876, во 1951 година 769, во 1961 година 899, во 1971 година 826, во 1981 година 905, а во 1991 година 927 жители.[2] Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 876 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 834 жители. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Кутлеш со седиште во гратчето Кутлеш, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Палатица, во кој е единствено село. Културни и природни знаменитости
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia