Панде Кајзеро
Панде Стевов Јовчевски - Кајзеро (15 јули 1923 во Лавци (Битолско) — 22 јуни 1943 во Лавци (Битолско) ― македонски партизан, борец за слобода на Македонија, комунист и учесник во НОВ. Животопис![]() Потекнува од земјоделска фамилија, а и самиот бил земјоделец. Прогресивното движење што го имало опфатено селото Лавци не го заобиколило и младиот Панде. Тој бил опфатен во воспитна група и доста рано ја помагал НОВ. На 25 ноември 1942 година и самиот се приклучил кон единиците на НОВ и ПОМ. Прво бил во партизанскиот одред „Даме Груев“, а потоа во одредот „Јане Сандански“.[1] На 13 јуни 1943 година бил примен за член на КПЈ.[2] На 22 јуни 1943 година селото Лавци било опколено од бугарска војска и полиција. Панде Кајзеро, заедно со Панде Ташкоски, тргнале да се вратат во партизанскиот одред, но наишле на бугарска заседа која ги раздвоила. Панде Ташкоски успеал да се пробие, а Панде Кајзеро отпочнал нерамна борба со непријателот. Во триесетминутната нерамна битка,[3] успеал да ликвидира 13 или 14 бугарски полицајци и војници. Откако му завршила муницијата, со последната бомба се самоубил.[4][5] Неговата смрт е прикажана во филмот „Македонски дел од пеколот“. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia