Пане Џунов
Пане Џунов ( 1925 во Ваташа — 16 јуни 1943 во Ваташа) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Едно од стреланите деца во Масакрот во Ваташа.[1] ЖивотописПотекнува од земјоделско занаетчиско семејство. По завршувањето на основното образование во своето родно село се запишал и завршил земјоделско училиште. Станал член на ваташката напредна младинска организација организација во 1941 година, а член на СКОЈ во 1943 година. Заедно со своите другари активно работи во собирање на Црвена помош и во спроведувањето на задачите на ваташката партиска организација. Активно работелво сместувањето и снабдувањето со храна на велешките партизани во текот на 1942/43 година.[1] ![]() Масакрот на ваташките деца![]() Поради неговата активност во народноослободителното движење на 16 јуни во раните утрински часови е уапсен од страна на бугарскиот фашистички окупатор, а потоа стрелан во месноста „Моклиште”, со уште 11-мина младинци од Ваташа.[2]
Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia