Свети Теодор Тирон — манастирски параклис кој се наоѓа во Калишкиот манастир во струшкото село Калишта.[1]
Се наоѓа во новиот конак кој е изграден и живописан во 2002 година. овој конак монасите од братството го користат за совршување на своите молитвени правила во зимскиот период.
Овој параклис, односно целиот конак е надвиен од вековните гранки на стариот чинар, кој го зазема централното место во манастирот. Стар е околу 700 години и се верува дека неговиот постанок е паралелен со населувањето на првите монаси во овој комплекс.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија. стр. 144.