а од друга страна победените, поранешни европски сојузници на Германија во рамките на Оската (но не и самата Германија, која немала влада и во тоа време била управувана од сојузниците - таа повторно ќе добие влада во 1949 година):
Со цел овие земји да бидат претставени по овој редослед, биле земени предвиди само дејствијата на првите на сојузничката страна (на пример, оние на Слободна Франција и оние на СССР по 22 јуни 1941) и дејствата на вторите на страната на Оската (со исклучок на дејствата на сојузничката страна на Бугарија и Италија во 1944-1945 година и на Финска и Романија на почетокот на војната и потоа во 1944-1945 година). Сепак, некои дејствија на вторите на сојузничката страна им овозможиле да ја задржат својата независност (Финска) или територијалните придобивки (Северна Трансилванија на Романија, Јужна Добруџа на Бугарија).
Морис Кув де Мурвил ја претставуваше Франција таму во француската делегација .
Територијални трансфери и отштети
Граничник што ја означува новата француско-италијанска граница, недалеку од Кол де ла Ломбард.
била вратена во нејзините граници од 1 јануари 1938 гоидна, без три села во Ѓер-Мосон-Сопрон, што ѝ биле предадени на Чехословачка (денес четврти на Братислава: Јаровце, Русовце и Чуново)
да му плати отштета од 300 милиони долари на СССР како репарации за нејзиното учество во операцијата Барбароса,
исто така да ѝ плати 100 милиони долари на Чехословачка и на Југославија како репарации за окупацијата на териториите во тие земји по растурањето на првата и инвазијата на втората.
населените места: Танд и Ла Бриг со 560 км2 и помеѓу две и три илјади жители, плус селата Либр, Пиен-От и Бас, јужно од долината Роја;
ненаселени области: 3,22 км2 на превојот Пети-Сен-Бернар, 81,79 км2 на висорамнината Мон-Сени (границата е поместена подалеку од преминот), 47 км2 на Мон Табор (со „Тесната Долина“) и 17,1 км2 на планината Шабертон;